јас одкако примивме вакцина вечерта дадов сируп од што сум паничар плус и да не се мачи детето оти нели и за болка е. На допир топол беше ама тт едвај измерив и беше 37.7 па ноќта лесно ја поминавме. Е сега беше онаа редовна вакцина со рота и уште две боцкања во нозе. Да видам во книшка што беа.
Јас стрептокока боцнав заедно со шестовалентната и не знам точно од која беше реакцијата. Качи температура, саат два беше вруќа и спадна и толку беше. Е сеа мојава беше поголема, не беше бебче.
Исто и на нас ни направија..кога бевме на рутинска контрола на два месеци ни кажаа до кој датум да отидеме за рота,ние порано бевме од тој датум што ни го кажаа и ни рекоа демек касно било, еднаш така еднаш вака..не ми е јасно зошто прават вака..за бебе се работи сссс
Додека бев трудна на едно од испитувањата покажа дека немам антитела на рубела и гинекологот ми препорача откако ќе се породам да ја примам вакцината. Педијатарката на малава не е сигурна дали рубела се прима одделно, ми рече најверојатно ќе треба да се прими ммр, ама рече ќе се распраша. Дали некоја од вас ја примила ммр сеа дур беше епидемијата во мк, конкретно ме интересира дали има реакција кај возрасни? Дали е подобро да ја примам сега, или заедно со бебла?
Мајки за prevenar 13/пнеумокока не е задолжително да се става..вие сте за или против? Ни спомнаа денес па ме интересира ваше мислење
Ние со петовалентната и ротата не ја ставивме пнеумококата не дека не сакам, туку по препорака на педијатар да ја примиме малку подоцна. Ми објаснаа дека е битна, ќе ја ставиле ама на 4 месеци.
Син ми е 3 и пол години. Дали може да прими рота? малата ми е 10 месеци за неа рекоа касно било да ја прима.
Не ми се верува значи сите различно кажуваат. Ова ми го кажаа иначе во советувалиште кога бев со малата за петвалентната. Ми рече докторката за неа е касно, ама син ти донеси го може да ја прими една доза рота.
Рубеола може одделно, јас имам примено пред 9 години во центар за јавно здравје Скопје, после еден задоцнет спонтан абортус. Тогаш се виде и кај мене дека немам антитела за рубеола па примив дополнително. Распрашај се во цјз, кај пролече амбуланта.
Знам дека кај нас рубела може одделно, ама јас не сум во мк. Овде докторката не беше сигурна дали може одделно, па затоа ми рече најверојатно ќе треба ммр. Сепак, фала на одговор.
Со вакцините не се знае ни кој јаде ни кој пие и 300 различни информации ќе добиеш (ќе добиеме) првата доза на рота пишува на страницата за имунизација е до 14 та недела и 6 дена најкасно да се прими. Ние ја примивме еден ден пред да наполниме 14 недели. Е како за бебе од 10 недели е касно а за нас не???