Здраво мајки Како поминавте со ревакцината на 18 месеци и дали тогаш ја ставивте или покасно? Исто ме интересира дали имавте реакции,какви и колку време траеа? Ви благодарам
Дали после првите три вакцини што се со рота истата ден ги бањате бебки? Мене ништо не ми спомнаа таму, а од други мајки го дознав ова. Само за таа во рамо со белегот ми напоменаа да не се бања 24часа,а за овие другите не.
Здраво мајки, ние имаме проблем со одлука, бебка ќе ја запишеме в детски јасли, 19м сме ,јас морам на работа ,мора да ја запишеме,но бараат мрп вакцина, а многу се плашам нели ради информацииве дека предизвикува аутизам, веќе одиме трчаме немирни сме,но сеуште не збориме ,само мама ,бебе и некојси свој јазик збори, сега во дилема сме што да правиме дали да и ја дадам или не, а ја бараат низ градинкиве,стварно ли се толку штетни вакциниве?
И моите примија отпосле, ми рекоа слободно да бањам, само тпј ден да пазам да не ја стиснам на местото боцнато
Вчера во 3 синко ја прими ревакцината шо требаше на 18 месеци (сега е 2 год), а денес околу 11 крена тт и беше нерасположен сакаше да спие. Не измерив колку е, нормално не оставаше. Можно е после толку време да јави реакција? Досега сите без реакција ги поминал зато не знам чудно ми е.
На првата вакцина бебе плачеше толку многу што со трчање излегов од Јане. Не прашав дали сега кога веќе е заведен таму за секоја наредна вакцина ќе стигнува покана или кога ќе решам тогаш носам? Втора доза рота после колку време се прима?
После втора доза примена рота бебе од плачење додека го облекував ми поврати. Се вратив ги прашав сестрите што боцкаа дека поврати рекоа ништо страшно тоа апсорбирано е. Но, немаше ни 5минути. Немаше овие следни денови како проливче после првата доза како што имаше. И сега ме јаде црвот...
Нема шанса за 5 мин да апсорбирало, требало да ви дадат нова доза. Кај нас нагласија барем пола саат да помине да не давам да цица за да не поврати оти џабе ќе е.
И сега чаре? Да им се вратам? Ами веднаш прашав, глупо е да речам по две недели еве ви се враќам пак. Ах сега се изнервирав. Ама да не се вратев ај ќе бев јас крива, ама сестриве што боцкаат така ми рекоа немај гајле. Па да не несмеат да даваат уште една да не ги правдаат. Ако стварно не е успешна стварно не е во ред да лажат.
Прашајте докторка, а не сестра. Според мене треба да ви ја повторат дозата. Не мора ти да одиш, нека отиде мт нека праша, тие сигурно не ве памтат.
@Мецаа91, не те разбирам. Покана на 6 месеци да прими МРП вакцина? Да не си грешка, јас знам на годинка е редовна