Сакаш да кажеш ако чувам дете дома, а има епидемија, ќе ми стигне покана задолжителна да си го вакцинирам детето на 6 месеци? Ми нема логика ова. Стварно прв пат слушам за ова.
Да да јас така знам. Имам другарка која го вакцинираше на 6,а свекрва и го чува од страв што ја меша со др деца по игротеки и внуци. Јас не би, ќе ја одложувам до 12 месеци, секако дома ќе го чуваме. Ако беше зорт за во градинка би ја пуштила на 9,ама на 6 нема шанси, ако треба дома затворени ќе сме. Башка ако се пушти на 6или 9 има ревакцина на година ипол пак.
Јас знам поинаку. Нај рано се прима на 6 месеци. За во градинка препорачливо а и задолжително е па викаат ај на 9, пошто за тоа им е испитана. По календар е на 12 и нема потреба од одложување. А за дете што дома го чувам нема ниедна сила, право и закон што би ми наредил да ја вакцинирам толку рано. Баш ги прашав во Јане Сандански кога примавме вакцина. Задолжително е за градинка, а вака не.
По кој нов? Нема никаде соопштение, на вести ќе кажеа да има измени. Баш и матичната ќе ја прашам денес.
Незнам ни јас несум чула на вести, пред 2 недели кога го носев моето на вакцина имаше едно помало бебе и баш тоа излегуваше а јас влегував и така кажа д-рот ,,незнам за наредна како ќе правиме но да знаеш дека е со ММР сега ставена на 6 мес,,. Мајката замрзна а и јас, па не ми ни дојде на памет да прашам а од кога е на 6 мес ?!
ММР е на 6 месеци најрано само во услови на епидемија. Тоа важеше додека траеше епидемијата. Сега нема причина да биде толку рано, ќе си остане по редовен календар од 12-13 месеци. Ме чуди докториве по диспанзериве да не го знаат тоа.
И јас исто знам, баш се фрапирав. Кога прашав, ми рекоа сме вакцинирале и на 6, но веќе ако сакаш почекај барем 9.
На 18 години која вакцина беше и дали таа е последна? Мора да се прими затоа што нели тогаш се полнолетни децата? За братучедка ми прашувам сум заборавила како беше со вакцините...
Еве го календарот за имунизација од министерство за здравство. Ммр си е на 12 месеци и нема промени барем во нивните официјални објави.
Оваа вакцина за пневмококни инфекции 3 пати ли треба да се прими? Синко на 6 месеци требаше да ја прими првпат,ама беше болен па ја прими дури на 11 месеци. Во диспанзерот ниту ни кажаа дека треба пак да прима,ниту пак ни запишале во картончето кога би требало да ја прими? Докторката само ни напиша дека Мрп треба да ја прими на 13 месеци? Дали забравиле?
Зависи од возраста. Мојот на две ја прими и рекоа со една доза. Мислам кај вас со две ќе одат, ама најубаво прашај во диспанзер.
Јас во Ченто носам за вакцина. Патронажни сестри од која поликлиника ти доаѓаат? Ориентирај се по нив