Пред месец дена ја примивме првата вакцина и плус рота. Пред една недела одиме пак за вакцина и рота, но рота немаше. Не донеле, во дефицит биле со вакцини. А рота се пие 3 пати, на растојание од месец ипол до 8 мес или 6 месеци мислам и толку. Ние изгледа само на една доза ќе останеме зашто вакцината не ни знаат кога ќе ја достават до амбуланти. Страв ми е, да не има последици зашто не се испиени сите 3 дози.
Може само да е намалена ефикасноста на вакцинацијата, 88% место 94%. Ништо друго. https://www.ncbi.nlm.nih.gov/pubmed/23014356
Сабајлево бевме на вакцина. Бебе 2 месеци и 14 дена. Прими за рота вирус и шестовалентна. Ни кажаа во 3 дози дека се примаат во размак од 30 дена, до 6 месеци да ги прими сите три дози. Во рок од 24 часа може да покачи температура, ако е над 37.5 да дадам сируп, ни препиша сируп Еферлаган. На боцнатото место ладни облоги да ставам или ациди борици. Дали и вашето искуство е вакво?
Од петовалентна нема реакција веќе 12 саати. Да очекувам дека може тт да ми крене во текот на ноќта или да здивнам?
Ако сакаш, можеш, но секако педијатар во диспанзерот треба да го прегледа дали е здраво пред да се даде било каква (ре-)вакцина.
Сега викаат 24ч. Порано беше 48. Јас ги пазам два три дена. Ни закажаа новата пнеумокок за март. И на малата и на средново. Искуства некој?
Јас ја ставив заедно со ДТП. Крена температура вечерта. Околу 38. Не висока. Сама и спадна за 2часа. Да не и се вцрвенеа образите немаше да приметам, весела си беше.
Пнеумокок колку дози е? И од колку може да се боцка? Се си мислам дека некаде прочитав после 6 месеци, или грешка сум?
Кај деца навозраст од 2 до 11 месецисе даваат дведози вакцина и една доза ревакцина(бустер). Кај деца на возраст од 12 до 23 месеци, се даваат две дози на растојание не пократко од 2 месеци, без бустер доза. Кај деца на возраст од 2 до 5 години се дава една доза вакцина, нема бустер доза. Извор: http://zdravstvo.gov.mk/wp-content/uploads/2019/11/Kalendar-za-imunizatsija-2019.pdf
Со новите (ацелуларни) вакцини помала е веројатноста за реакција, и намалено е времето кога температурата би била реакција од вакцината.. Ако е повеќе од 24 часа поминато, одете на педијатар, може да е некој друг воспалителен процес.