Оваа пнеумокок вакцина колку пати се прима? Читам некои примиле и втора доза,а на синко бидејќи ја прими на 11 мес не ми запишале дека ќе треба пак да прима,дали зависи од возраста или заборавиле? Ми стои само дека МРП треба да ја прими во февруари.
Мајки на 6 месеци бебенца, што мислите за пнеумокока..деновиве имаме вакцина па ни ја предложија и таа..ваше мислење и искуство..се мислам дали да ја прими..
Мајки, што мислите за примање на МРП вакцината на 8 месеци? Знам дека е мало бебето ама ни ја бараат за упис во градинка.
Ние денес трета доза. И немаше реакција кај нас трите пати. Првите два пати малку повеќе спиеше во текот на денот, денес не спиеше нешто многу ама супер си е. Весела, расположена. Тт нема. Лепиме сите пати лепенче на боцнатото.
Се боцка за ова? Ништо не ми спомнаа а примивме некни трета рота и шестовалентна, ни рече тек за Мрп на годинка.
Ние денес го носевме на ревакцина за шестовалентната и наместо таа му ставиле оваа пнеумокок и 3 доза рота. Нити да ти соопштат ништо. Абе оваа држава луда е со лудаци доктори
Ние кога бевме на прва вакцина го прегледа и после кажа сега ќе прими вакцина за рота и (во таа паника не разбрав убаво) петовалентна или шестовалентна. Зарем не ви кажа?
Цена на приватно за кс во Синлаб знаете? Не креваат тел, не ми се оди по упат. За вакцина ми е, не знаев кај да прашам
Не што не ни кажа, туку и кога дојдовме кажавме дека сме за шестовалентна и рота. И на картончето датумот беше пишан и си го избришала си ставила нов датум. Се вратив да прашам зошто не ми кажа и ми рече дека си работи по нејзини принципи, а не како другата докторка до сега што ставала. Ние го носиме во Ѓорче ама бидејќи се реновира го однесовме во Букурешт. Безобразно.
Страшно еј. Ко вакцинава да е сок па не е битно дали ќе биде од јаболко или портокал. Јас баш се замислив после боцкањето,му викам на мм ни видовме од кај ја извади,ни што стави,камо ли рок,ни па прашавме,може треба да сме попретпазливи..
После реакцијата која ми ја направи на првата вакцинација и јас исто си помослив. Не ни видов што му стави а ова што го пишува @cinderella5 е баш безвезе. Како може како сакаат да го боцкаат без да кажат.