Мене матичната ми има кажано доколку е здрава може одма да се прими вакцина. Па и така направивме 2 дена после антибиотик.
Здраво, некој искуство со бсж, направи годинка а нема никаков белег на рачињата... Ми рекоа од букуреш дека треба прво да прими нешто два дена пред повторна вакцинација и по тоа ќе видат дали е добра првата или треба пак да се боцка
Кај синко нема белег, вчера ја прими ММР и ни рекоа да одиме за 1 месец, на 14 месеци Битола да испитаме прво да видат дали била успешна па ако не била пак да му ја стават.
Што гледаат за вакцина, сите параметри да бидат во дадените рамки? Сеа направивме крвна слика, па има некои параметри што се офф, како малку повишени лимфоцити.. а вака здраво личи бебево. Се прашувам дали ќе не пуштат утре на шестовалентна вакцина..
Јас некако ја одложувам ммр онс веќе направи 13 месеци, и не знам ме фаќа језа за таа.. Посебно што нели треба да ги следиш две недели или јас лошо сум разбрала... Ќе ја прими сигурно само не знам кога
Со благо покачени лимфоцити го имаат боцкано синко. Плус зависи од лабораторија не секогаш има на рез.референтни вредности според возраст.
И мене така малку ми беше за неа ко страв, дека многу фама се крена, ама сите навреме ги примаше досега, немаше досега реакција ништо, па се надевам дека и со неа така ќе поминиме, 2 ден е нема тт. На 10.02 ќе прави 14 месеци.
Тука сме со датумите мојава на 19. 02 прави 14м Сите од почеток ги примаше на време исто не сме пропуштиле и ние... Да не знае некој до кога најкасно може да примо бсж, втор пат бидејќи од првиот нема белег.. А сеа ако ми закажат да не ја ставт и ммр наеднаш, неќам ќе треба да да тепам некој
Не сега само ММР ќе ја стават, за БСЖ мене ми рече докторката дека се почекувало уште малку и морало некое испитување прво да се направи за да видат дали е успешна. Распрашај се убаво. А треба и пнеумокок, ама незнам кога таа.
Мене ме вратија со благо покачено лимфоцити и тромбоцити, иако претходно матичната даде дозвола за вакцина со таа крвна слика.