Утре сабајле треба да одиме да примиме втора доза рота и прва шестовалентна. Бебе е комплетно здраво; дали пак има потреба од крвна слика, да не ме вратат? Или само кога е сомнително нешто се прави? Купив лепенки за тт, ќе залепам одма. Друг некој совет има? Да очекувам реакција од шестовалентната? Други вакцини докторката не ми спомна, а наполни малово четири месеци и една недела. Гледам во календарот за имунизација се спомнуваа и некои други. Досега ги има примено само бсж, хепатит и рота.
Ние рота промашивме, минатата недела примивме шестовалентна прва доза на 4ри и пол месеци, немаше реакција, освен што беше малку поспана, ама и многу порано беше утрото станата, вечерта можеби 37 37 со 1 и одеше темп. , ама кај нас е многу топло па не се знае никогаш сите сме по кратки а дете со боди по долги и тренерка, јас за секој случај дадов далерон зашто беше кенкава, а обично не е мислев да не ја боли ногичето. Инаку крвна слика не ми барале, само ја прегледа нашиот педијатар и педијатарот на вакцинација.Крвна слика од октомври немаме правено, следна вакцина ни рекоа за месец дена пнеумокок.
Зависно каде боцкаш можеби, нас во јане сандански ни бараат крвна слика. И да, во ноџе се боцка до 1 година
Крвна слика пред вакцина обавезно! И да не ти бараат ти ќе си носиш. Нас не вратија за трета доза дтп поради низок хемоглобин 98 во Јане С., а и јас како тебе си викав здраво ми е детето. За да прими вакцина не е битно само дали има вирус или бактерија, битна е целокупната крвна слика.
Денеска бев на педијатар ми рекоа дека упут ќе ми дале и да сум закажела во идадија здравје има време ќе видам како ке биде
Примивме втора рота и прва дитепер. Само читам сите со лепенки за температура, а нас докторкава ни рече Не лепенки, само облози борина вода. Ако крене температура ни препиша некој парацетамол сируп, не знам како беше отиде мм да го купи јас расцмиздрена со малава. За лепенките сум сега во дилема дали да ја послушам?
И мене докторките ми рекоа не, ама жените што ставаа вакцина ми шепнаа земи добри се и зедов ставив, исто ми беше дали ставав ладни облоги или лепенка
Има ли од дитепер вакцините во другите градови? Во Битола сестрата вика дојди по две недели.Докторката вели нема поради невремето ќе ти се јавиме.
Нас на вакцинирање исто ни кажаа ациди борици облога, а педијатарот наш ни кажа за лепенките ден претходно. Јас со ациди борици по дома мравки тепам, и докторката на вакцина не и го земав мислењето у предвид.. многу утепана личеше. Ациди борици им е гарант “у наше време така беше”. Лепенките на еукалиптус мирисаа, и држеа ладничко на местото. Бебево температура не крена.
Ациди борици не е само за бубашваби напротив помага и за отоци и за болно место, а има и една крем за возрасни што ја прват у виола со ацидиборици и белоген, мн се делотворни.
А ова лепенкиве се користат негде надвор од МК или се македонска измишљотина? Овде ја каде што сум нема такво нешто, ниту се препорачува било што. Или ќе крене или нема да крене температура и тоа сигурно не зависи од некакви лепенки. Ако зависело секаде ќе имаше и сите ќе користевме па никој никогаш немаше да качи температура.
Лепенката е за отокот наводно, да го лади. Не е за да не крене температура. Практична е зашто се лепи.
Разбирам. Ама пак, не е неопходна. Ако стварно се имало потреба од неа, немало педијатрите да се со поделено мислење, и ќе ја имало секаде.
Лепенката не спречува качување на тт, туку местото да го лади. На децава им ги каснам вакцините, малиот тие што ги прими ко бебе му се правеше тврдо топче. А сега како поголеми, во рака, ништо. Ни реакција од вакцина ни од боцнато. Ни лепенки ни ациди борици