А баш грчки се лепенките. Чудно како кај нас сите ги користат, а кај вас ги нема Ништо чудно да се некоја измишљотина. Јас не ставив синоќа, само ациди борици малку облога. Не качи тт фала Му на Бога, може малкуцка 37.3 на моменти. Добро поминавме прв ден. Има ли шанси втор, трет ден да качи ако не качи првиот?
Морам да искоментирам тука. Ќе ги тагнам @Septemvri i @Yowannty во врска со вакцините и кс. И кај нас кс не се прави пред вакцина Живееме во мало гратче во МК. После 6месеци ни рече педијатарот заради проверка на железо. И за синко исто беше. Септември прочитав те вратиле за вакцина. Колку време има поминато од претходната? Мајка ми работеше во здраво бебе И после 42 ден од претходната се ставало наредна вакцина. Арно ама во нашата чудесна земја има дефицит на вакцини И ги одложуваат. Колешка на мајка ми ми кажа И ми зачувала една шестовалентна И трета доза рота за од понеделник да ставиме за да не касниме. Но што со другите бебиња. Да немав кој таму ќе ја одложевме И ние. А рота најдоцна до 7-8 месец се ставала. Не е фер за сите. @kikin кај нас првата петтовалентна во десно ноџе, а втората шестовалентна во лево раче. Така наизменично ставаат. Сега од понеделник ваљда во ноџе. Секаде различно. А за лепенки. Тие се наменети за тт Се ставаат на чело при тт ладат. При вакцина се ставаат да нема оток и ладењето ја намалува болката. Не спречуваат тт. Јас ставам лепенка и до сега за 2 вакцини никаква реакција ни тт. @EvieBabe како поминавте со вакцината? Хаха си пишала во меѓувреме. До 24 часа мислам реакција може да има. Така ми рекоа. Супер сте
Грчки?! Жими се некогаш мислам дека живеам на друга планета. Овде по аптеки се чудеа што е тоа па ми дадоа маст/крема со таква намена за боцнато од вакцина. Истото ми се случи на неколку пати со креми за мајка ми и тетка ми, овде ги немаше, а во Солун ги има. Минатиот пат исто ми рекоа нема такво нешто ко вит. Ц капки за бебиња, сега се мислам дали и нив во Солун би ги нашла. Лепенки не би користела. Верувам дека да имале било каква ефикасност сегде би ги имало и сите би знаеле за нив. Ама ако има некој што се разбира, да ми каже дали вреди вит. Ц да се дава во капки, па од кај нас ќе си ги набавам.
Јас давам од околу 9-10м во зимниот период. Од вит Ц штета нема никаква. Не е можно да нема капки кај вас, оти вашата палета на лекови е тродупло од нашата. Веројатно не се снабдени добро. Вит Ц капки е нешто ,,основно,, за во аптека. За лепенките се согласувам, нема потреба од нив. Сум ставала ациди борици само ако има оток. А тоа еднаш се јави од ДТП. И да не ставев, ќе се повлечеше,сосем нормална реакција е.
Па дека е витамин и јас сакам да го имам дома. Дафи верувај го нема овде. Првиот пат го пратив маж до аптека, ми пиша порака дека купил се прерадував, ми донесе вит. Д. дома. Такви користиме, му рекле во аптека да не се збунил нешто и му дале вит. Д. Следниот ден јас ги прошетав сите аптеки по пат што ми се од дома, низ центар, а не се малку. Не ни знаат што е тоа, ме прашуваа кој ми дал такво нешто да поразговарам со педијатарот. Овде нема. Солун ми е далеку. Ќе си набавам од кај нас, се надевам имаат подолг рок само. Баш денеска ќе одам до друг крај на градов и таму ќе прашам ако не забораам. Може е до местово овде, стварно не знам што да речам..
Не ја оспорив ефикасноста, туку дека е стара метода. Ако имаш нешто што е поедноставно за користење со иста намена, why bother
Не е стара методи, напротив, често се користи за отоци. Немаше да продава во аптеки ако беше „стара“ метода.
Борова вода е меѓу најефикасните за влечење на оток и ладење. Ти верувам. Повеќето се назначени за над 6м, а мислам дека вие веќе имате 6. Иначе имаат рок секако. Во фрижидер се безбедни.
Последна вакцина примена на 16.12 но заради рота најмногу ме вратија, треба да прими ревакцина на 6м и последната ревакцина на 7 м. Не порано и не подоцна. Така ми објаснија. Инаку во врска со лепенките има и од други фирми освен антипиреа грчките, овие нешто како најпопуларни меѓу народот. Тие содржат само ладен гел и се лепат на чело при покачена тт. Од истите има и со друг состав кој содржи Кетопрофен и др.да не замарам со тоа. Не се стрикно наменети за оток од вакцина, но може да се користат за да го ладат местото на убодот. Инаку борова вода има и ќе има...не е воопшто застарена метода, се користи исто за облоги при оток, и кошта многу поефтино од лепенки. Не е грешка да користите и тоа. Кс редовно ми бараат во пунктот во ј.сандански, во Идадија за другиот син никогаш. За тоа немам објаснување
И мали денес прими вакцина, тргнавме за втора доза рота и петовалентна, рота немаше, му ставија Пнеумокок/Превенар. До петок можеби ќе добиеле Рота,а за другава не кажа ништо. Вика една имавме од сабајле ја ставивме Страшно еј,дај да си ја купиме сами ако не. Нас ни рече до 72 часа да бидеме претпазливи,да очекуваме температура(др вика јас не очекувам дека ќе има) црвенило,оток. Сакав да прашам темперарура после примена вакцина 37.2 /37.3 е во ред? Бебе си е весело,се смее,цица До колку се толерира кај бебиња? Знам само дека над 38.5 се дава лек
И моја беба имаше на моменти 37.2, 37.3 ама весела цело време, пискаше дури се караше со нас онака весело и не се загрижив, само мерев упорно да не качи повеќе.