Без реакција. Третиот пат крена малку тт, меѓутоа тоа беше реакција на шестовалентната дека заедно ги прими.
И ние денес примивме Пнеумокок и втора Рота. Наредно за две недели за шестовалентната. Сега за сега нема никаква реакција
Не сум чула за систематски. Ја носев редовно на секој месец на преглед, крв само пред некои вакцини ни зимаа.
Моево денес прави 4м,се погоди да отидеме на вакцина,и таму нешто си промрореа не сте биле на систематски на 3м и толку. Ништо не сфатив,ни кај требало да го носиме ,ни што би му правеле. Си одиме ние кај матичниот педијатар секој месец, овој ќе го скокнеме ради грипови,она така не посоветува.
И јас првпат слушам систематски. Секој месец сме на контрола кај педијатар во Систина, плус вакцини, крвни слики. Педијатарот во Сандански не спомна ништо.
Ми стасува покана и покрај вакцините заокружено ми е и систрматски преглед. Така беше на 3месеци и тогаш му зимаа крв така и сега на 6.
После колку време може да се јави реакција на дитепер вакцина? Ја примивме утрово, цел ден е супер, ниту малаксан, ептен е активен и се е нормално. А во амбуланта ептен ме исплашија дека била болна, ќе го болело рачето, да му дадам сируп, ќе качи темепература...ми ко кажуваа ова како дека обавезно ќе се случи, не како предупредување само дека е можно. Па незнам ноќва дали да бидам на штрек и да станувам на секој час или доволно ќе биде да проверувам на два часа пример...?
Мене од ДиТеПер ми кревала кај 19,20 часот ама до 3 дена викаат се можни реакции. До сега секогаш првата ден ми кревала, утре дента и толку.
Сега бевме на втoра вакцина бидеjќи имав и кс сo мене др вели аjде таман и систематски. Па баш се зачудив. Мереше глава и такви некoи рабoти...
Ме интересира во врска со пневмококата,треба да им кажеш дека сакаш да ја прими детето или они сами треба да им текне? Ние ја примавме сега петовалентната ,ама ни првиот пат а ни сега не ни ја ставија пневмокока,а не ја ни спомнаа.
Па и јас така знам. До сега не сме имале реакции ама овој пат пристапот им беше многу лош, дека обавезно ќе има и ме наплашија многу па затоа пишав и тука за искуства Еве 24 сме без никаква реакција
До 72 часа се очекува реакција. Кај нас исто имаше 37.3 само првиот ден Нас сами ни кажаа во амбулантата ,можеш да прашаш ќе ти кажат
Секако кога одиш треба да кажеш за што си дошол, не од нив да чекаш, иако пишува во картон што е следно. Јас отидов реков сум дошла да ги прими превенар и дтп
па јас не знаев дека треба јас да кажувам,сега кога ќе одам за шестовалента да им кажам и пнеумокока да му стават или различен ден треба да се?