Ја прими малиот вакцината против морбили минатата среда денес после 8миот ден качи температура па ме интересира до кога ќе трае оваа реакција
Мами кога се прима рота? Гледам ако не прима навреме после не се ставала? Прва ревакцина хепатит му е закажана во март, тогаш ќе биде 2 и пол месеци. Ги читав графиците за вакцинација на интернет ама многу ми се општи. Дитепер од 2 ри до 6ти месец може, е сега кога е најдобро? За систематски, јас планирам ден пред вакцина да го носам прв пат на педијатар. Болниците се преплавени со грип па страв ми е да го однесам сега. Ми беше педијатар во домашна посета кога наполни месец, се беше во ред, а јас си го мерам дома неделно и си напреднува.
Да Рота максимум до 13-14 прва доза ставаат,но секаде различно. Ние ја ставивме на 2 месеци и 13 дена
Денес примивме Рота најдоцна до два месеци и 21 ден треба да се прими после тоа не ја ставаат ова го кажувам од докторките во Јане Сандански така ми казаа ги броеа деновите од кога се родило детето !
Рота мене ми рекоа најдоцна до 12та недела прва доза да прими. За систематски се прави на 3, 6, 9 и 12 месеци во диспанзерот кај што ја прима вакцината. Ради грипот мене педијатарот ми рече кај него да не го носам.
Мора во диспанзерот систематски? Од ремедика, пример, не се важи ако однесам лист со мед. извештај од систематскиот таму?
Јас никогаш не сум го носела на систематски во диспанзер. Не ни знаев дека има такво нешто. Секогаш пред вакцина си го носев во Ремедика за преглед и крвна слика. Со извештајот од Ремедика другиот ден го носев на вакцина. Никогаш не ми направиле проблем.
Трета доза рота во комбинација со шестовалентна ја ставаат? Реакции има? И вие што имате ставено кога ја стаивте одма на полни 6 месеци или покасно? Знам до 32ра недела се става.
Me Interesira dali petovalentnata vakcina moze da se primi na 18 mesecna vozrast, ja odlozuvavme poradi cesti razboluvanja
Мајки ме интересира дали пред вакцина правите крвна слика. На 9 март треба првпат да ја носам за вакцина ама незнам дали треба крвна слика да направиме