Добро помина. Не качи температура, првата вечер малце само 37.5 ама веднаш му падна, и добар е еве 3 дена поминаа. Наредната сме во април здравје.
Мајки имам две прашања? 1. На колкава возраст е првата вакцина на ммр и кога е втората ревакцина? 2. Каков е вакциналниот календар, од колку месеци се почнува со вакцини и кои се,сѐ примат? - пошто ќерка ми големата не е вакцинирана од ммр за да ја запишам на школо сега морам да ја вакцинирам и после 4 недели да ја ревакцинирам. - денес имавме систематски со бебето и доби само витамин к трета доза. На нареден систематски се вакцините и реков таму дека ќе ги одложам, ама заборавив да прашам дали може сите тие шо се примат у еден ден да ги распоредам. Многу ми е страв. Поготово од ммр ако даде реакција и се нафрли големата, да не се зарази и бебето. Рекоа не е преносливо од вакцината? споделете искуства ве молам.
Мајки колку време после вакцина е слаб имунитетот, имаме 5 месеци вчера се вакциниравме, нема никакви симптоми само омалаксаност, но ме интересира до кога е послаб имунитетот
Ние сега требаше да jа примаме пред 3-4 дена jа oднесoв нo напoменав дека пред 2 недели беше вo кoнтакт сo луѓе oд Германиjа (пoради вирусoв) и не и jа дадoа ни рече за 1 месец да идеме. Така да изгледа дека не е каснo. Jа вакцинирам вo Чентo
Неможе да се зарази бебето без разлика на реакцијата, убаво ти кажале. Кај нас по календар Ммр е на една година, а ревакцина на 6 години. Знам во Австрија исто ревакцината е после еден месец. Еве го нашиот календар :
Мајки дали ги носите на вакцина бебињата со оглед на ситуацијата? Денес бевме на ортопед и добро поминавме среќа немаше никој бидејќи ги откажуваа прегледите, а јас ако не ја однесов после ќе ме копкаше и триста филма ќе си направам. Исто требаше и на педијатар ама сестрата ми рече доколку не сте болни најубаво е да не доаѓате и не отидовме, ама утре сме за вакцина и навистина ми е страв да ја носам ама ако не ја прими рота после тоа ќе не можеме бидејќи до 12 недела се прима
Се јавив во диспанзер, вакцина за рота вирус може да се прими до полна 32ра недела,да не влезе во 33та. Со пето/шесто валентните како и со пнеумокока нема ограничување.
Нели има некој распоред зависно од тоа кога детето ја примило првата доза, за временското растојание од една до друга. Колку што го разбрав имунологот максимум една недела смее да има отстапки... Да речеме прва доза ја прима 14та недела втора 21ва трета 28ма. Кога ја прими моето првата доза ми рекоа да внимавам да нема многу доцнење од датата што ми ја наведоа во картонот.
Што правите со вакциниве? Малава требаше да прими периодов мрп. На два ума сум што да правам. Диспанзериве работат, нема никакви контраиндикации сега да се прима вакцина, ама страв ми е некако. Многу бурно ми реагира на секоја вакцина, со температури високи, и страв ми е да не довлечкам нешто дома и јас па да искомплицираме.
Пред две недели требаше синко да прими втора доза пнеумокока, тогаш јас и мм бевме болни и не ја прими, сега ова со вирусов и не сме биле... има некоја нус појава или слично....? Би знаела некоја да ми каже??
Мајки дали се придржувате кон календарот за имунизација или ги одложувате вакцинирањата со оглед на ситуацијава? Ќерка ми има 18 месеци и треба да прими вакцина,може ли да ја одложиме за некој месец,да речеме да пролонгирам до средина на Мај?