Zdravo mamicki,sakam da prasam dali mozi da se odlozi vakcinata poradi situacijava so virusov ? Moeto bebence ima 2 meseci I 14 dena,?
Со второво дете ич не се придржувам до календарот, но ставивме вакцина пред две недели, без разлика на ситуацијава со вирусов, и така сме изолирани дома. Единствено што одбив во диспанзер е Мрп вакцината (баш поради ситуацијава), барав да прими ревакцина на тоа што веќе примала. Ако осеќаш потреба одложи ја вакцината.
И ние пропуштивме вакцина во петокот. Во книшката пишува дека е вакцина детска парализа. Ништо друго не пишале. Инаку 7мес. Сме матичниот рече никако вакцини сега има време ќе се примат
Мајки дали ставате редовни вакцини за време на вирусот? Конкретно за втора доза Рота ме интересира... Дали ја примите? До кога се толерира доцнење?
За Рота не смее да се одложува, има одредени недели до кога смее да се прими, така да носете ги на вакцина. Јас сум на два ума. Треба да прими мрп малата, сакав да ја одложам, но вчера звонев на медицинско лице што работи кај вакцините и ми рече дека сите вакцини треба да продолжат да се ставаат по календар. Дека оваа ситуација може да потрае и потоа кога ќе почнат децата пак да се мешаат во групи, ќе се јават многу невакцинирани деца од сите пропуштени вакцини и може да се направи поголем проблем, пак да се појави некоја епидемија. Мене тоа ми држи вода. Сега сум во мислење, може и ќе се решам да вакцинирам за брзо. генерацијо сите ли ја одложивте МРП? @Ringishpil_ , @Lolipop23 , @thinkerbell
@paleska3 и јас не знам што да правам. Официјално и јас од пред неколку дена сум дома, маж ми работи од дома, па сега ептен сме на мисла што да правиме. Најверојатно од понеделник ќе правиме крвна слика и ако се е во ред најверојатно ќе ја боцкам. Прво и со педијатарот ќе се консултирам, па ќе видиме.
Не ја прими . Најкасно до 24 недела може, имам фора уше 2 недели ако решам... Не знаж што да правам ич не ми се носи
Малата е 1 месец и 3 недели. Треба првите вакцини да почнеме да ги ставаме. 1. Точно кога треба да се примаат знаете ли (кој ден) ? 2. Крвна слика колку дена пред тоа треба да се направи? 3. Дали може да се одложат (читам Рота не може да се одложи?)? 4. Дали е подобро сите вакцини одеднаш да се примаат, или одделно? 5. И каде ги носите за вакцина со оглед на ситуацијава (знам дека никаде не е безбедно..) ?
Ме замисливте сега за ротата. Моево само 1 доза има примено, кога требаше да одиме за втората баш тој ден почнавме со антибиотик, па чекав скоро 2 недели за да го однесам за вакцина. Е ама пак поднастина со мрсули, со шлајмови, па фатија куп празници, родендени, па ова со вирусов и не го однесов. И сега бројам недели, 26. Значи не може да прими втора доза. Дали и колкав ефект би имала вакцината со само една доза? Ај ако знае некој од поискусните, баш ми е мака сега.
Да ја прими. Слушав министерот рече дека ако не се прими ротата (освен ако не се одложи со причина, изолација или болест за што давале потврда) ќе имате проблем за градинка, школо можеби. Баш се чудев како мможе кога не е задолжителна
За син ми ја одложував до 2 години. За малата бев решена да ја ставам на време, немам страв веќе од вакцината, но со оглед на ситуацијата не ми се макне дете по болници и затоа не ја однесов (требаше сега во понеделникот да ја прими). Ќе чекам да помине ова коронава па после.
@paleska3 ќе ја одложиме и ние, башка што тука ги прима сите во еден ден МРП плус и ревакцинациите од другите, мене па тоа ме плаши што 4 вакцини прима во еден ден @FreeMind како е кај вас ,мислам дека не ги ставаат сите заедно?
Не ги прима заедно на месец дена се сите. Мрп е сама, сега на крај на месец е за првите ревакцина тие се збир од пет заедно. Али и да ги пуштиш наеднаш нема никаков проблем. Кај мене на мрп само исфрли малку али без температура. Ништо страшно, џабе се плашиш верувај.
Мајки во 4 месец кои вакцини се примаат? Имаме примено една доза рота, стрептокока и шестовалентна. Сега претпоставувам вторите дози од овие треба? Не пишува ништо на картончето
Сега на ред е петовалентна, рота и пнеумокок 2ра ревакцина. Значи истите како првиот пат, без хепатит б. И ние сме на 22ри април ама чекам да видам со ситуацијата како ќе биде.