Кога ја ставивте шестовалентната вакцина? Каде и дали имавте несакани ефекти? Дали некој ја има ставено во Ремедика? Ми кажа педијатарот на 2 и пол месеци да одиме на контрола и да се договориме за вакцината.
Има ли некој информација дали се закажува за вакцина во Јане Сандански? Последни од пред две недели знам дека без закажување одеше, ама од минатата недела вртам да прашам, не креваат телефон.
Здраво мајки, бебето ми наполни 2 месеца и треба да ја носам на вакцина за рота, хемофилус и ревакцинација на хепатит б. Сакам да ве прашам дали може во Систина да се примат овие вакцини, дека првите после раѓање ги прими таму, а ако не..тогаш каква е ситуацијата во Идадија? Дали некој бил сега скоро таму на вакцина и каде правевте крвна слика за бебушот?
Не може во Систина. Кога ќе одите во вакцинален пункт носете ја зелената книшка од систина (нас не вратија првиот пат зошто не ја носевме). Не знам за Идадија, јас го носев прва вакцинациа во Јане Сандански ама не бев задоволна па сега одиме во Букурешт. Крвна слика можеште во Авицена попладне нема никој, за да не одите во гужви.
Тие што ги вакцинирате децата во Јане Сандански, на кој број закажувате ? Матичната ми даде инфо дека работат од 12-18 со закажување. Ама тел.никако не најдов.
Fativme posleden voz hahaha A niso ne mi kaza za sledna vakcina osven za rota mi zakaza. A gledam po kalendarot za vakcini ima i na 3 meseci i 3ipol meseci vakcini Dali moze da mi kazes sto kako e Zaso niso ne mi objasnia s ni kazaa
Ние ја однесовме малата во понеделникот на ревакцина за Рота плус петовалентна. Со полни 3 месеци така да нареден пат со ревакцината за Рота и тоа ви следи. Две боцкања плус едно сирупче Нас сега ни закажаа за на полни 4 да добие уште една доза рота па тогаш рњче ке ни закажела систематски и други вакцинации
@angelinkaa дали си сигурна дека не се закажува, сакам да го носам бебето, но матичнта ми кажа дека е со закажување, само треба да имаме супермоќ за да закажеме бидејќи никој не крева на нивните телефони.
Втора ревакцина рота, петовалентна и пнеумокок. Ми качи температура синоќа 38.1, му ставив чепче ама чепчето од 4 до 6 кг, а буци е 8 кг, ама му помогна. Знам дека се чека до 38.5 ама ептен брзо му се качуваше ( на татко му е тука) па спречив со време. И чудна работа главчето од сите страни му гори на чело ми покажува 37.6, а од страните 38, после и на чело покажа 38 а можам да замислам од страна ако мерев.
Мајки, знаете ли сега со новиов полициски час кое е раб. време на Идадија? Беше од 13-15 часот, но сега не знам како е, а во понеделник треба да одиме за прва доза рота и петовалентна. Инаку, прашав дали треба крвна слика пред првиве вакцини, ми рекоа со оглед на ситуацијава, не, да не носиме бебе по лаборатории. За првото дете пред 2 години ми бараа пред првата вакцина, ама тогаш беше друго. Така да еве ви инфо од Идадија. Ве молам ако знае некој од колку е раб.време од понеделник нека пише, битно ми е.
И јас знам за од 13 до 15. Поново инфо немам. Инаку, за првата вакцина не ми бараа крвна слика, а и од искуство сега што слушам е дека не бараат, затоа што децата се дома и не се изложени на вируси. Се смета дека се здрави.
Идадија од денес работат од 12-18 часот. Ако на некој му е потребно инфо Примени денес рота и петтовалентна први дози. Нека ни е со лесно