Да на 2 месеци и 2 дена прими прва Рота и Шестовалентна,а на 3 месеци и некој ден прими 2ра Рота и петовалентна. Таа шестовалентна е поделена во две боцки, по една за секое бутче
Pa nas so prva doza ednas ne bocnaa samo I edna dr majka prasav isto edno bockanje imale so prva doza
Некои вакцини ги даваат и спрема килажа што знам може пошто мојата бебка со килажа одговара за 6 месечно просечно....може кај вас со поголем шприц боцкаат.... Може тресам глупости ни јас незз зошто ама на мојата на 2 пати ја боцкаат во двете бутчиња плус рота за во муце
Ние во два пункта бевме,во двата по едно боцкање добивме. Колку најмногу е дозволено да има размак од втора до трета доза рота? Втората е примена на 14ти фебруари, околу 70 дена до денес, знам дека до 32-33та недела треба најкасно да се прими,а во 32ра влегува на 20ти мај... Сакав во март да одиме за трета доза рота,ама ме фати страв со коронава. Сега кога гледам дека лудилово станува секојдневие,си мислам барем да ја прими и третава доза рота. Ама да не одам за џабе,да не е премногу долг период поминато помеѓу две дози
Мојата прими средина на февруари втора доза, и тогаш кога договарав за трета, реков после Велигден да биде. Коментарот од докторката беше- последниот воз ќе го фатите, и да тече носе, обавезно дојдете тогаш, за да не ја пропуштиме. Разликата меѓу втора и трета доза кај нас е два месеци и 5 дена. Така што, најубаво јави се кај што ставате, нека ти кажат
Мами треба да ја примиме вакцината на 2 месеци следната недела па дали да очекувам некои реакции од типот покачена тт или нешто друго?
Nie ja primivme i nemase temperatura Bese pospana normalno bilo I eden period pocna da place od bolka do sea ja neam taka slusnato da place Ama za sekoj slucaj zemi si daleron sirup
Примивме вчера рота трета доза и не знам тоа со боцкањето беше заведено како трета доза детска парализа. Вчера убаво поминавме вечерта до кај 4 сатот спиеше после ме бре брате. Крена тт не мерав плачеше немирно беше се тегнеше не можев да измерам. Го разладив босо по боди и долни пижамки и само враце и на цицка спиеше цели 3 сати. На перница никако дадов ибупрофен тоа имав. Беше весело супер сега еве омалаксано кемкаво 38.5 дадов ефералган чепче па ќе видиме. Досега не ми кренал тт првото ич никогаш немаше реакција. Не знам колку дена вака ќе не држи???
После третата доза и малата крена за прв пат температура, до 38.9 се качуваше, ја држеше вечерта после вакцина и следниот ден. Безуспешни ми беа обидите да ја симнам со сируп, одма ми го поврати, а и чепчето заврши неславно. Успеав да ја симнам со често бањање со млака вода и одма после тоа чорапчиња со сенф на нозете. За 20 минути до пола саат и паѓаше. Втората вечер веќе, како ништо да не било
Едната е шестовалентна, едната е превенар и со лажиче е рота. Ај провери во картонот. Не може двапати да боцкаат за шестовалентна, една е вакцината.
доживеавме шок после вакцината. Се згрчи почна да се тресе помодре во устата пожолте на лице и беше со пена на уста. Срце ми се заледи реков се парализира детето. После тоа следеа трески едвај го вративме. И заврши со инфузија. Матичниот се сомнева дека е алергиска реакција на вакцина. Треба да испитаме дали е тоа и да знаеме дали ќе продолжи со примање на вакцини или ќе има тајна контраиндикација за имунизација.
Здраво мамички, дали вашите дечиња ја примале вакцината за стрептокока? И, доколку да, какви реакции да очекувам? Дали како ди-те-пер трае 2-3 дена или нешто поинаку? Температура или некои други реакции? Поздрав и секое добро!
Првата вечер имаше темп 37.9, сама и спушти после 2ч. Е сега ја ставив заедно со ДТП, така да не би знаела од која беше реакцијата.
Ми качи вечерта тт 38.5, дадов Далерон и толку беше, веќе не качи. Не ја комбиниравме со дтп, само стрептокок ја примивме. Од дтп третата доза кога ми качи тт, траеше 2 дена, а од стрептококот само еднаш беше.
Денес ставивме трета доза рота и втора шестовалентна. Ќе видиме овие 3 дена како ќе биде,до сега на претходните вакцини реакција само температура 37.2,3 Кога се става за стрептокока?
Појма немам читам дека се прашуваат па затоа.... А и сегде различно... Ние 3та доза ррота имаме на 25ти месецов и само таа... А ревакцината за другите ке биде после месец дена.... Незнам дал некпи вакцини според килажа на бебе ги ставаат или како... Ама овој пат има добро да испрашам кога ке одиме.... Пошто сите викате таа шестовалентанта со една боцка а кај нас во 2 ни ја дадоа на 2 пати
од рота ние само на првата доза имавме реакција. Ама не во смисла со температура туку со промена на столицата и мешето и пиевме пробиотик. Стрептокока задолжителна е ама нема граница на која возраст треба да се даде. Нас прво ни закажаа за во јули на 11 месеци ама ради реакција што имавме на полио рече дека може и покасно да се прими не е итна