Знаете ли контакт од ј.сандански кај вакцините да се јавам да прашам? Или некој што бил деновиве да ми каже од колку до колку работат? И дали ги имаат сите вакцини?
Примивте ли МРП? И ние треба да ја примиме ама не знам дали да ја носам сега за време на пандемија, а најмногу ми е страв пошто и беше слаб хемоглобинот а сега не ми се прави крвна слика. Што ако не ја однесам? Треба ли да се јавам да ги известам? И дали се поместуваат и сите други вакцини понатаму? Со оглед на тоа дека и певмокок треба да прими?
Закажав понеделник да ја носам. Исто беше со слаб хемоглобин и ја одложивме, само се јавив и кажав дека нема да одиме тогаш. Јас сега планирам мрп па после 1м пнеумокока. Мислев и јас ама си викам додека се чуваме дома подобро да ја вакцинирам. Не одиме никаде освен во природа и со семејство.
Мене па ми кажаа тогаш на 13м, мрп на 14м пнеумокок. Сите различно изгледа, ама ќе си почекам тогаш таа мислам не влијае за градинка? Кај вас без реакција ли беше?
Мене ми рекоа за два месеца пнеумокок, а за 6 месеци од мрп, последната шестовалентна ревакцина. Ја боцнав пред една недела, овие денови очекувам реакција, сега за сега нема ништо.
Сакам да ве прашам дали имавте реакција од хепатит Б? Не ја примивме во болница поради ниска тежина. Колку време меревте температура и облоги стававте на местото?
кога бевме на вакцина минатиот месец(6+), докторката го погледна и рече успешна и стави + во книшката. Има црвено мало кругче на рамото.
Пак да прашам Некој скоро што бил во јане сандански на вакцина, во текот на пандемијата, дали ви бараа крвна слика?
Мајки, ние првата рота ја примивме Австрија, за втората не успеавме да се вратиме заглавени сме тука, бевме во Јане ни рекоја дека Австрија е рота рикс вакцина и не е као истата и не би сакале ризик, Австрија прашав ми рекоја ако е до месец дена каснење нема гајле ама еве и тој месец помина.. дали скроз би ја пропуштиле или па да видам ми рекоја тука во лабораторија да проверат дали може да и се даде.. ?
Примивме МРП денес, се надевам дека добро ќе поминеме. Пневмокока ја оставив за следен месец. Не сакав баш да ја прими ни мрп бидејќи и се покачени леукоцитите, ама и матичната и друга докторка ми рекоа дека може со таа крвна слика. Сега се мислам да не направив грешка. Би вакцинирале ли вие со оваа крвна слика? Спојлер: Крвна слика
Само што сакав јас да пишам. Денеска ја прими ама не и направија крвна слика... Многу сум загрижена, рече дека немало потреба
Ќе си бидеме морална поддршка овде, се надевам добро ќе биде се. Колкава е твојата бебушка? Мојава е 12 месеци а во книшката пишува дека на 13 се вакцинира со ммр. Инаку и јас заради хгб направив кс, оти беше низок претходно, а се испостави високи леукоцити. А нема никакви симптоми на настинка не знам што е причината...
Белки ќе кажат поискусните. Мојата е 1г и 4м, закаснивме заради хемоглобинот, а сега не ни го проверија...
Вчера бевме во ј.сандански. примија ревакцина ДиТеПер. Од вторникот смениле раб.време. работат од 7:30 до 15:30. Носев крвни слики, не ги ни погледна. Не дочека многу лош и дрзок однос од докторката, која патем каснеше пола саат на работа. Окапавме од чекање во чекалната каде што шиба промаја бидејќи реновираат. За се должеше памет . Мајка слабо ти е детето, викам јаде повеќе од мене. Да ама треба да пазиш што му даваш, месо и јајца редовно. Викам редовно јаде тоа. После вика извршен е многу рибино масло да почнеш да му даваш. Викам цела зима давам молерс. Вика туууу па вие мајките само мода терате, што дава едната тоа сите . После вика малото носи го на уво нос и грло ради крајниците , види види колкави му се и пак му брца со цела сила во уста. Викам знам, ама не му прават проблеми и матичната вика дур штом се мирни ништо не правиме. Јас ти викам да си го однесеш Примивме вакцини и ајт, уште денес денот нека помине мирен.
Девојки, да не вакциниравте деновиве и имате информација дали ја имаат рота и петовалентната во Јане Сандански? Никој слушалка не крева на ниеден од телефоните.