Го однесов на 11 мај, тогаш се стабилизира малце состојбата. Сега треба пак да го носам,ама со бројки на заразени над 100 една недела, не би да ризикувам. И тогаш го однесов за да фатиме последен воз за трета доза рота,а сега треба да прими втора доза 6то валентна и пенумокок,а тие не се ограничени со време,така да не би го носела во овој хаос.
Оние што сте вакцинирале стрептокока, има ли ограничување на возраст до кога може, колку дози се и има ли реакции?
Син ми ја прими првата доза на 1г. 4м. ни кажаа дека две дози треба да прими. Немаше никаква реакција од првата доза, а втората уште ја нема примено.
Здраво мајки Бебе е 2 месеци и 3 дена. Во понеделник сме на контрола и ако е се ок ќе одиме на прва вакцина по породувањето. Дали може да ми каже некој каква е оваа вакцина и кои се реакциите од неа ? Бебе и така ми е плачливо недела дена, се надевам нема да биде полошо од вакцината
Петовалентна со боцкање и со пиење за ротавирус. Кај нас немаше реакција. Треба само на боцнатото место да ставаш облоги со борова вода за да нема оток и црвенило.
Здраво Сега гледам во книшката на моето, затоа што не се сеќавам, според ова тука, првите вакцини на 2 и пол месеци се дифтерија, детска парализа и рота. Ако некој се сеќава подобро нека ме поправи/дополни. Можеш да очекуваш зголемена температура, Рота предизвикува пролив и тоа бара почесто доење за да не дехидрира бебето. Со температура ние немавме мака, само пролив од Рота. И да, ќе биде мачно неколку дена ама ќе се издржи
Дали некој бил деновиве на вакцинација во Идадија и каква е состојбата таму? Дали има гужви и дали бараат крвна слика? Треба да одиме на втора ревакцинација за рота наредната недела и дали има простор за одложување на втората доза?
Јас го носев малиот во средата, немаше гужва, ама ние отидовме во 8:10. Крвна слика не ни бараа, само за првата вакцина ни побараа. Сега прими прва доза превенар.
Jas ja nosev pred 2 dena edna i dadoa vo usta i dve vo po edna noga. I dadov sirup posle vakcina za temperatura i nemavme nikakva reakcija.
Мојот ја прими на две и само една доза беше. Ако се срќавам ми кажа ако се прими пред година се 3 дози, од 1-2 години две дози, после 2 години - една доза
Само што се вратив од поликлиника Ченто требаше да примаме последна вакцина пред година ама пунктот им е затворен две недели. Се плашам дека тоа значи дека се во карантин. Ако планирате да одите да не тепате време
Почнале да работат од сабајле? Супер, треба да одиме неделава, па фала што сподели тука, на телефон не можев да ги добијам
Работат од 8 до 13ч, со пауза од половина час во 10.30. И ние треба да одиме оваа недела, ама ич не ми се носи. Дали може да се одложи малку втората ревакцинација за рота? Мислам дека и вие сте за втора доза.
Да, за втора доза сме, и само заради ротата ќе ја носам, мислам дека таа не може да се одлага. Инаку сигурно немаше сега да одиме, ама нејќам да ја пропуштам. Фала ти за инфо
Koga vo koja nedela treba da se primaat ovie vakcini? Do 8mata ili po 8mata nedela? Rota nemoze da se prolongira