Можеш да одложиш до 12 недела тогаш најкасно се прима првата доза на рота. Мене ме интересира дали сте носеле крвна слика за првата вакцина. Со оглед на ситуацијава не ми се носи бебе во лаб.
Ние не носевме. Прашав претходно дали треба, ми рекоа со оглед на ситуацијава, не. Ова за Идадија, но верувам нигде не инсистираат за крвна слика периодов.
A da prasam za bsz vakcina Nie imame primeno samo vo bolnica koga se rodi . Posle nemame pak a gledam pisuvate deka primile bebinjata. Pedijatarot nisto ne ni kaza za revakcina. Mora da se primi ili?
му пишав на педијатарот дали да вакцинирам дете или да почекам со оглед на ситуација, ми пиша почекај.до кога прашав и немам одговор.ние сме два месеци и не знам што да правам и тука прашував.ако не се прими рота тогаш што? до кога да одложувам и дали има опасност ако дете не е вакцинирано до 5-6 месеци?
Ако не се прими прва доза Рота до 12та недела потоа нема да се прими воопшто, ни една доза. BCG нема ревакцина. Една доза е. Таа во болница што се прима не е БСГ туку Хепатит Б. БСГ е првата вакцина по излегување од болница.
Го пријавивме син ми за вакцини минатата недела и таму не искараа зошто на излегување од болница не примил BSG вакцина. Во родилниот картон пишува само дека на ден на раѓање примил вакцина за хепатит Б. Ни закажаа за на 26ти месецов за БСГ. Па да прашам дали смеам да му лепам од тие лепенките за температура? Ќе ставам и слика. На фејсбук во групата што е за доење мајките пишуваа дека ставале такви лепенки и бебињата не кревале температура. Вие стававте ли? Педијатарот не сум го прашала, после ќе се слушнам со него, ама важно ми е да слушнам и искуства.
Немаш потреба од ништо после БСЖ. Ако видиш дека е отечено, а не верувам да биде , може да ставиш облога ациди борици.
Ти си го изложуваш детето на ризик. Мање битно дали ќе ти дадат или не да го упишеш на школо. Зошто да не ти биде заштитено кога веќе може да се заштити.
па и ја сум за вакцинација, ама затоа ве прашувам зашто тројца педијатри ми викаат да почекаме!?!? ако детето не ја прими за три недели нема да ја прими уопште.значи што да правам? штетата како што сфатив е поголема детето да ми биде во контакт си некој асимтоматски носител сега и да се вакцинира во овој период.вас сега педијатрите што ви викаат?
Ние во средата бевме да примиме втора доза. Носи си го бебето, заштитени се, работат по протокол, само еден родител смее со бебето и нема близина. Убаво е ротата да се прими, вирусот не е воопшто наивен.
Па не знам како е во Скопје, тука мораше да одиме во болницата и да го пријавиме. Се остава мои податоци и на мм и ни дадоа датум кога да го однесеме. Потоа некој ден после тоа ми се јави некоја жена на телефон и ми бараше податоци од родилниот картон и мои податоци и ми го потврди датумот и часот кога да одиме за БСГ вакцина.