Кај моето дете мислам дека е од вакцината, во четврток ја прими и недела спрема понеделник и нокеска детето ми плаче без престан по 2-3 саати и 24 часа ги грчи ноџињата. Првин мислев дека е од млекото му сменив пд аптамил комфорт во обичен аптамил ама сега сум сигурна дека е ради вакцината
Чисто еден совет. Кога примаат вакцини малите не воведувајте нови продукти и промени во исхрана, за да не се чудите ако има реакција од што е. Ова ми беше совет од диспанзер кога го вакцинирав.
Дали да и дадам чепче за против тт како превентива и какво ако смеам да и дадам? Рекоа може да фане тт ако е до 37 со 8 да ја избањам со млака вода. Добив совет превентивно да и ставам чепче.
Има и сирупче за бебиња, мене ми рекоа до 38 тт ако има сирупче да дадам, ако е над 38 тт тогаш чепче. Може и превентивно од сирупот, но сепак прашај доктор најдобро.
Ние завчера ја примивме последната вакцина има 20 месеца малата. Од тој ден 2 ноќи по ред не јаде како што треба и најлошото цела ноќ без престан вчера ми плачеше температура имаше многу и давав лекови ама таман ќе затвореше малку очи и ете пак кренала не спиевме скоро до сабајле кога стана сабајле целата беше отечена на очите од што не спиела и плачела без престан плус носето и се затвори и тече многу и има нагон за повраќање од нигде никаде супер ми беше детето капки ставам ама пак исто многу стана нервозна ептен неможе да се контролира само плаче нешто и попуштам бидејки велам од вакцината не ми беше вака детето дај боже да и помине што поскоро. Веќе не остана ни децата да се вакцинираат вака досега никогаш се нема случено искрено загрижена сум не сакам одма на лекар да дотрчам ќе чекам и некој ден ако не и помине ќе ја однесам тешко мие вечер не спие плаче само ја боли некаде или незнам искрено. Се извинувам за долгиот пост.
Никогаш не се дава "превентивно" ништо за тт. Се дава сируп или чепче над 38,5. До таа тт телото само се бори. Ако дадеш чепче "превентивно" може да ја симнеш тт на бебето и да направиш контра ефект, па ќе треба да го загреваш. Почекај, види дали ќе качува. Евентуално на 38 дај нешто.
Чепче превентивно не, може нагло да ја спушти температурата. Прво советувај се со педијатар. Сируп можеш да дадеш, парацетамол, не е само за температура, туку и за да ја опушти беба. Од вакцина ке биде нервозна, па парацетамол е и за болки.
Малава има 37.7 после втора доза дитепер и прва доза стрептокока вчера. Нормално е претпоставувам, но се плашам да не отиде нагоре. Какви ви се искуствата со овие вакцини? Од прва доза дитепер не качи воопшто па не очекував ни сега ама еве качува. Вчера е боцкана ова време.
Од вакцина ми нема кренато повеќе од 38.5, толку е “нормално”, обично се движи околу 38. Ден два и ќе помине, нека биде расоблечена да се лади.
Побарај во друга. Јас немам ставено. По мене нема потреба. Ако се направи топче од убодот, што е нормално, облога ациди борици е доволно.