Во нашата општина ни даваат од болница покани за вакцина и се јавуваат на телефон за да одиме, задолжително било. На 26 јуни примивме БСЖ и сега на 6 август пак треба да одиме ама поим немам за кои вакцини и дали една или повеќе. Што се прима после БСЖ? Бебето е веќе 2 месеци. Ниту крвна слика ни спомнаа ништо..
Фала ти многу. Сега гледам и календар за имунизација. Има 5 вакцини за вториот месец. Веројатно накнадно се оди за другите 3.
Не знам. Ние само БСЖ имаме примано и хепатит Б после пораѓај го боцнале. Поим немам околу вакциниве. Сега прв пат и го гледам календаров. Никој ништо не објаснува..можеби се ревакцини не знам.. можеби втори,трети дози.. ништо не ми е јасно.
Во пето/шестовалентната вакцина се опфатени сите 5,6 вакцини. Едно боцкање во три дози Рота се пие исто 3 дози И 3 дози со боцкање пнеумокока После 12м и за мрп, понатаму се ревакцини
Пρимаше био гаја веќе 4,5 месеци , а од вчеρа му сменив пρобиотиκ , сега пие infant probiotik, Од био гаја му се подуваше стомаκот, гасови , гρчеви и повρаќање, толκу вρеме го κоρистам и ниκаκов ефеκт нема κаκо да создава гρчеви. Вчеρа му сменив пρобиотиκ и денес му дадов , педијатаρот ми ρече одат заедно со Нуρсе хаρвеј сиρупот. Да, сеκој ден му давам пρобиотиκ био гаја уште од ρаѓање. Денес немаше гρчеви ама пρед да се исκаκа има болκи и постојано се κаκа малκу, само што ќе јаде и одма се κаκа. Од вρеме навρеме уште има гρчеви. Κомбиниρано е доење и дохρана сега има 4,5 месеци. Κаκата му миρиса на κисело, многу јаκ миρис.
Здраво, заради слабокрвност нема да ги прима бебенцето вакцините на 2 месеци, и после ќе биде касно за првата доза на рота вакцината, дали потоа треба да се земаат втората и третата доза или ако се пропушти првата, воопшто нема да прима вакцина против рота?
Секоја вакцина е најдобро да се прими тогаш кога е пропишана според календарот за имунизација. Не за џабе е избрана одредена возраст.
Вчера бевме на вакцина. Син ми беше многу умен. Се смешкаше на докторката и гугаше. Го измерија и напредува добро, беше доста расположен. Прими рота и уште две во нога. Рота кога му дадоа дури вкусно му беше. Ама кога го боцнаа ептен се расплака. Кога дојдовме дома му залепив лепенки врз боцнатото (така ми кажаа да направам) . Вчера накај 16 часот почна да качува температура, но не беше висока накај 37.5. Вечерта накај 20 часот качи 38 и се јавив на педијатар, ми рече да земам далерон сируп и веднаш да му дадам. Бев купив сируп за секој случај да имаме дома, ама кога измерив повторно беше 37.7 и решив да не му давам, туку да си го имам сирупот во случај да качи над 38 бидејќи другиот доктор ме советуваше да оставам имунитет да створи. Синоќа му сменив лепенки и ја намали на 37.2 и не дадов ништо. Утрово е смалено на 37. Ќе отидеме и до кај педијатарот за да го прегледа. Што мислите? Да не згрешив што не дадов сируп?
Не знам не можам да разберам што напишале на картонот. Кога отидовме докторката праша за старост на бебето и се консултираше со уште еден доктор и одлучија што ќе прими. Ќе сликнам после да видите ако разбере некоја. Мислам дека докторката спомна ревакцина за хепатитис Б.
Дека моето прими рота и шестовалентна и си викам дали пропуштаме нешто или покасно ќе ја прими таа третата. Баш ќе прашам за следната кога ќе одиме. Не дека не им верувам сигурно си ја знаат работата ама пак ве читам повеќето дека 3 сте примиле.