Кај нас немаше белег и во Букурешт ми рекоа дека нема потреба да се ревакцинира и не и ставија вакцина.
На левата рака, горе кај рамото. Како ние што имаме. Точно кога е ревакц,не знам, ама кај нас на последната вакцина ( трета доза од ди те пер, хиб и полио) ни рече дека не ревакц.веќе.
Нова другарка ми има 20 месечна ќерка и сеуште ја одложуваат ММР,вика додека не направи 2 г.не и ја ставам на малата,инаку да на 13 месеци се става,морало детето да има изедено цела белка ова и го кажале неа кога ја убедувале да ја стави, здравје и јас планирам да ја одложувам,подолг период
Ќерка ми има стигнато 1/4 белка и борба водиме. Втората причина е што вади тројки горе и душиче не знае што и се случува. Третата причина е што покрај забите, и од таа вакцина паѓа имунитетот па мислев барем крај на март да ја прима, со одложување од два месеци и ќе има 15. Фала ви.
@Nova Јас за син ми ја одложував, до скоро 16 месеци. Моја логика ми беше дека колку поголеми се толку полесно ќе ја поднесат. Не ме фаќај за збор ама мислам дека ако не ја прими до 18 месеци после не ја ни ставаат. А на 18 пак имаат ревакцина на ди те пер, хиб и полио. Планирам и за ќерка ми исто- да ја одложувам колку можам.
Ja ставаат со сигурност другарка ми сеуште ја убедува педијатарот да ја прими сега бидејќи доста каснат 20 месеци има малата...
Моја колешка, на која детенцето има 13 месеци,вакцините до 9ти месец му ги одложуваше за два месеци(значи таа што требало да ја прими на 2 ја примило на 4 месеци итн) а ММР кажа дека ќе ја одлага до 3та година, што значи дека има повеќе можности. Лично јас, навреме го носам, со одлагање од недела-две поради икс причини.
Веќе има 2 ѓмесеци и освен од болница други вакцини нема примено. Реакција има на лева рака, виолетово топче. Е сега на топчето облоги да ставам? Ја прашав матичната, рече ваш избор може да почекате за вакцинирање, не се брзај. Но вам ќе ви стават само ангелиус!!! Или така нешто слично рече.. Незнам каква е таа вакцина?! Страв ми е од реакциите, па ме интересира дали некоја од вас одложувала до 3 месец за вакцинирање? Сега и повојници почнаа несакам и вакцина и бактерии од разни луѓе да се мешаат..
Domakica а ја примивте ли втората доза за жолтица? Ние требаше на месец но ќе ја примиме утре на 2 месеци, жолтицата му траеше до пред некоја недела. Мами, има ли реакција од оваа вакцина? Од памет се вадам отрпнав со таа жолтица веќе
Ние имаме 2,5месеци и денес примивме уште две вакцини една со лажиче и една во раче и ми рекоа дека била со реакција со кревање температура и да му ставам ладни облоги.Иначе кога имаше месец и половина прими во рамо ама без реакции беше и денес му ја видоа ми рекоа дека била успешна.И ни закажаа за на 6 март пак.Ич не сакам да го носам некако мн вакцини има..... Мала забуна на месец и половина прими во ноџето,а таа во рамото една недела од ко излеговме од болница.
@chache87 нема реакција од таа вакцина. DiTaP е вакцина на која може да се појави реакција (покачена температура).