Епа не знам, вие сте еден месец поголеми. Ние имаме 2 месеци и 1 недела. На 3 месеци пак треба да одиме и на систематски и на вакцини, ама што и како не знам.
Обично така ги даваат, тие две. И ние досега сме примиле рота и хекса на двапати, сега ни се ближи третата доза. Баш прашав за пневмокок кога, рече да завршиме со овие, да не бидат две боцкања одеднаш. Така да ќе си ја примат и пневмококот (веројатно сосе петовалентната) подоцна, не се секирај
Да, на некои ја ставаат и таа. Инаку прво одат три дози шестовалентна (хекса) и три рота уз тоа, па после има три дози петовалентна, и уз неа обично ги даваат две или три дози пневмокок. Значи некои со шестовалентната, некои со петовалентната примаат пневмокок. Јас големата ја вакцинирав пневмокок на годинка и нешто, тогаш не беше задолжителна, јас сакав да ја прими па ја однесов. Сега дека е нели во календар вметната (бар мислам), се става на помала возраст и во дози (докторката во диспанзер ми рече зависи од возраста во колку дози се прима). Големата прими една доза и една ревакцина тогаш. Сега за бебка ќе видиме, све си мислам три дози ќе се.
Чекај сега,ме збуни. Нели се три боцкања за пето/шестовалентна? Три дози со пиење рота и три дози со боцкање пнеумокок? Нас ни останаа уште 2 дози пнеумокок,баш зборевме до година (октомври) имаме уште две боцкања август и септември? До сега прими 3 дози со пиење рота ,3 боцкања за шестовалентна и едно боцкање за пнеумокок?
Не Хекса и рота заедно ги прими Во меѓувреме една доза пнеумокок.... Јас мислам дека од трите дози една е петовалентна а две шестовалентни
Да, така е, јас ги помешав лончињата нешто Пред две години примаше големава, се’ сум заборавила Втората доза ми се чини беше петовалентна. Сори за збунка
Ние примивме до 6 месеци 3 дози рота и пето и шестовалентна. Сега на 7 месеци ќе одиме за пневмокока. Некои на 2 месеци повеќе се боцкани од нас
@Fallen.Angel ти живееш во Гевгелија или грешка сум? Во Гевгелија го носеше на вакцина? Јас најверојатно ќе шифтам вакцини, сега само рота ќе му дадам. Инаку препорака од нашиот педијатар е дека ако под 3 месеци бебе има температура се оди одма на дежурен.
Да во Гевгелија живеам и тука го однесов. Мене таму така ми кажаа само лепенки за температура и ако качи над 38 далерон сируп или парацетамол.
Следната недела сме на вакцина. Како се "подготвувате", организирате? На колку време треба да се мери температурата и што е тогаш дозволено, а што не? Немам време да читам наназад. Но, ќе се потрудам да се информирам.
Битнo е да е здравo бебетo, избегаваj кoнакт сo мнoгу луѓе пoгoтoвo дечиња штo им тече нoсе. Првата вакцина кoга беше правевме и крвна слика за пoнатака ни велеа дека не треба да правиме. На местoтo каде штo е бoцнатo ставав бoрoва вoда, педиjатар ми кажа лепенки да не земам. Мерев темперстура нo мислам дека самoтo дете ќе пoкаже акo има. Ние дo сега сите ги прojдoвме без реакциjа. Се е дoзвoленo.
Денес бевме на вакцина. Купив ациди борици и му ставам превентивно. Колку пати треба да ставам на местото? Купивме и сируп. Дај боже да не ни затреба. Дали смеам вечер да го прошетам, кога ќе залади и на колку време меревте температура?
Два дена без шетање и температура мери ако го осетиш дека е топол или на неколку саати. Ациди борици денеска и ноќеска ставај нонстоп, кога ќе се исуши газата стави пак за да го држи местото ладно.
Мајки која вакцина е на 12 месеци? Често читам дека многу мајки ја одложуваат за подоцна , а зошто , која е причината и на кој начин можам да ја одложам?
МРП, се одложуваше поради стравот демек предизвикувала аутизам. Немаш апсолутно причина за страв, слободно стави му ја, само гледај да не е настинато.
За ниедна вакцина не правев ништо посебно. Ако и е ред за бањање, ја бањаш. Прошетка на воздух исто е пожелна. Како и секој ден.