Мене педијатарот ми рече може да се бања ама мајка ми спомна нас порано кога не вакцинирале не дозволувале да се бања, па знаеш некој кога ќе ти стави нешто во глава... Си реков ај ќе скокнам денеска. А за шетање ми рече два дена да останеме дома.
Докторката кај вакцините ми рече обавезно да го искапиме уште дента да се освежи, а и да го прошетаме малку.
@Bebac можеш да си го бањаш, вакцината не е никаква пречка. Секогаш сум ги бањала и двете после вакцина, немало проблем. Битно е само на жешко да не го изнесуваш, на сонце па никако. Вечер кога ќе засвежи можеш да го прошеташ.
Здраво женски ние вчера примивме прва вакцина ,не се бањавме и не шетавме а и среќа немавме температура,дали денеска можеме да шетнеме и да се бањаме?Како ги чувавте вие вашите бебушки?
Здраво мамички вчера примивме три вакцини, за рота вирусот и уште две боцкања во ноџињата. Во текот на вчерашниот ден и ноќта крена температура до 37.7 највисоко, но никако не може да се искака. Се мачи, пробува ама не бива. Дали некој имал сличен проблем?
Majki dali primivte mrp vakcina otkako pocna koronava? Nie sme 18 meseci i uste se plasam da ja primime, posebno sega so virusov.. Iskustva??
и син ми е 18 месеци па планирам овие денови да ја ставиме...Керка ми ја прими исто на 18 месеци имаше реакција по 10 дена..беше 2 дена со температура а си беше весела јадеше..Секое дете различно..кај некои има и осип а кај некои нема реакција..
А зошто не го бањаш бебето? Ако качи температура треба да се тушира, не гледам причина зошто не смее да се бања ако примило вакцина Јас сум шетала во блиска околина
Здраво, дали има мајка што на два месеци има ставено само рота без шестовалентна? Сакам само рота да ставам ама дали ќе дозволат така не знам... Некоја со искуство?