Има некој примено 6валентна прва доза подоцна? Нам ни ја закажаа на 3 месеци и 1 недела, не знам зошто така
Ne se sekade isto.vo makedonija e segde razlicno. I vo skopje e razlicno. Ima nekoi bebinja primaat prva doza rota i dve bockanje,nekoi samo edno bockanje. Kaj nekoi i vo raka ja stavaat. Haos sme...
Не е исто,односно не според СЗО. Секоја држава си одлучува засебно и прави календар за имунизација. Слушај и води се према насоки од педијатар.
Синко прими само рота ама зошто јас и мм така одлучивме. Шестовалентната во план ни е да ја прими прв пат со третата доза рота ама ќе видиме, здравје.
Некој деновиве да не бил во јане Сандански за вакцина, од колку до колку вакцинираат и дали има гужва?
Да, ама се зачудив дека и овде е така верувај. Различно од педијатар до педијатар. Но, повеќето со 2ипол месеци веќе ја имаат примено прва доза Очигледно е така, вчера баш се информирав. Па ајде се "помирив" дека подоцна ќе ја прими, може е и подобро така, да не му се оптерети дополнително организмот Вие значи ептен ќе ја одложите? Има некоја посебна причина, ако смеам да прашам?
@WonderGuurl не сакав толку мал на два месеци да го шибнат со толку многу вируси. Можеби на втората доза рота ќе инсистираат да му ја ставам, ептен ако напнат ќе му ја ставам и тогаш. Секако заради коронава не се меша со луѓе а и не планираме во градинка да оди. Да немаше корона и да го шетавме навака натака најверојатно ќе си ги примеше на време.
Мајки ние денес примивме прва доза вакцини.Рота и во двете ножиња. Вие што веќе ги имате примено каква реакција покажаа вашите бебиња.Прво дете прва вакцина,страв паника.... Инаку утре полниме 3месеци,и ни кажаа за следна вакцина 08.10.2020 да одиме.
Мајки Ве читам и пишувате за вакцините секаде различно ги даваат . Ние прва доза рота имавме две боцкања во раче и ноже и чајче. Завчера втората доза пак чајче и боцкање во двете ножиња. Со првото никава реакција а со второво малку и беа црвени местата но поминува.
Ние вчера ја примивме првата доза,и беше течност во уста и во двете ножиња ја боцнаа. Малку синоќа покачи температурата 37.8 но траеше кратко за еден час се стабилизира и си заспа цела ноќ си спиеше.И мерев температура неколку пати во текот на ноќта нормална и беше,е само беше малку повеќе поспана од обично и откога е разбудена слабо сака да јаде.
И ќерка ми денес ја прими 6валентната 2 буцки во ножиња и течност во усте. Еве сега качи температура 37 со 9 и ефералган и дадов. Пробавме со ладење со разреден алкохол на стомаче врат....но ништо Добро што се подготвив со ефералган. И не сакаа.да и ја ставаат вакцинта бидејќи ХГБ и беше 97 долна граница е 110. Има некои нови стандарди. Па ни препишаа ПИКО Ц и ПИКО ФЕР сте давале ли железо на 2 ипол месечно бебе?
Јас немам досега давано железо.Кога и земаа крв се беше добро.Нас само пред две недели не вратија дека имала мала тежина а тежеше 4.680 и вчера мораше да ја прими бидејки денес прави 3 месеци. А во друг град имам познаничка што со многу помала тежина бебко без проблем ја примил вакцината на 2 ипол месеци. Чудесна е нашава мк како им одговара така прават
Денес ја примивме третата доза од рота и шестовалентната, од 19ч па до сега цело време и варира температурата од 37.7-38. Применувам физички методи на разладување, ама ми е страв да не крене повисока. Дали да дадам сируп далерон или да почекам уште?