Точно и јас сум да се избори организамот. Со разладување немавме ефект ,и мнооооогу плачеше можда и повеќе и се качи температура..
Расоблекување само по памперс, туширање, чорапчиња со оцет пробавте? Знам дека си била исплашена да не крене повеќе, но сепак можеби повеќе од 38,5 немало да крене и мислам дека многу рано сте дале сируп, немало качено ни 38.
извини што ќе ти влезам во збор ама не е за лошо на бебиња не ставајте оцет, сепак содржи алкохол, може да се изгори, а и се впива преку порите. Температура вадење преку страничните делови само.
Оцетот се раствора со вода 50:50. На тој начин е ослабен и не може да направи штета. Плус тој метод се користи доколку температурата не се симнува некое време и е висока. Не е меѓу првите методи и не се применува за малку покачена температура.
Ете, ќе научи нешто човек, за оцетот не сум знаела. Макар што ни за мене не сум користела оцет никогаш. А алкохол ставате? Некако агресивно ми е за бебешка кожа.
За сенф не знам. За оцет, не треба да е прв избор, ами растворен со вода и во исклучителни околности при висока температура која не се симнува. При благо покачена, која варира не.
Ние на денот кога ја прими вакцината покачивме 37.9 температура а мм од страв настојуваше на и ставам чепче во газе,но зедов со домашна ракија (околу 5-6капачиња од пластичните шишиња од сок што се толку ракија потрошив) на рачињата и на ножињата ја мачкав три пати во рок од еден час и одма ја намали температурата на 37 па после некое време 36.5 и еве трет ден нема повторно покачено.
Рано рано избрзав со парацетамолот, искрено се испаничив. Мм разреди 70% алкохол. На памперс ја расоблековме и со мокра тетра ја обложувавме ... но пак беше жешка...многу плачеше , вчера и така се исфрустрира ... и ја средив со сирупот . Денес пак е топла 37 со 2 ..аксиално мерам со класичен топломер , дигиталниот не го верувам тој покажа 36,7 Кенкава е , поспана , не весела....
Сношти одлично поминавме...мирна ноќ..фала му на Бога . Бебе си спиеше , мајка си дежураше "за сваки случај" Сега треба да работиме на хемоглобинот до следната вакцина ... но јас не сум 2 ипол месечно бебе да пие железни препарати . Некоја мами имала ли искуство со оваа проблематика?
Кога те читам сега се каам што не му ги ставив вакцините на 2 месеци заради низок хемоглобин ама 3 педијатри ме советуваа да не ги ставиме и сега на 11 имаме термин со тоа што ја пропуштивме ротата. Незнам дали правилно постапив и плус му давам 2.5мл пикофер секој ден за железо препишано од педијатар. Дали и колку е во ред незнам. 99 му беше.
Аксиално, мерев и орално ми покажуваше повеќе, а анално не мерев. Со дигитален топломер на microlife, резултат за 10 секунди.