Каде го најде пикофер? Капки? Јас сируп најдов а капки НЕ? И има ли бебето некој реакции,промени од пикоферот? Една докторка педијатар возрасна,многу убаво ми објасна. На 2 ипол мес бебе ова се смета за физиолошка анемија .
Сируп му давам. 2.5мл го мешам со 2.5мл вода и со шприц од далерон му го давам. До понеделник ми рече да му давам и после 10дена пауза па контрола. Што е тоа "физиолошка анемија"? Извини што прашав вака ама не го разбрав баш зборот. Инаку, освен во каката што после тоа ја прави имат малку како зеленко друга промена немам приметено.
Дали знаете како одат по редослед вакцините т.е. во кој месец која вакцина треба да се прими? Бебе има скоро 4 месеци, досега имаме примено една вакцина денот кога се роди, една другиот ден и три вакцини кога направи еден месец (рота, една во едното бутче и уште една во другото бутче). Многу се нервирам што не објаснуваат која вакцина е даваат и сега нели на 3 месеци требаше да прими уште 3 мислам вакцини, а нас се уште ни се немаат јавено за вакцина, сите си биле на одмор.
Физиолошка анемија , нормален процес на новородено бебе . Се уште имало распад.на еритроцитите... се уште де чисти Јас се плашам да давам Fe. Покрај тоа ја дохранувам со Аптамил . Кој што содржо Fe . На 20 . 09 . Ќе правиме крвна слика ќе.видам.
Не, ништо не пишува во здравствената книшка, кај нас тука се јавуваат на телефон и ти закажуваат за вакцина. А нели на 3 месеци треба да прими уште една Рота вакцина, а бебе веќе 4 месеци ќе прави. Не можи приватно да се прими? Не знам што да мислам повеќе, како можи значи цел персонал да е на одмор.
Вакцината треба да ја прими мислам 40 дена по претходната. Моево првата ја прими некој ден пред да направи 12 недели и сега кога ќе направи 4 месеци, треба ревакцина. Во книшка му пишува која ја примил и кога следно треба да го носам. Не може приватно. А зошто не им одиш таму штом не ги добиваш на телефон? И да користат одмори, не може никој да нема. Од каде си? Можеби има некоја од истото место од каде што си и ќе пише во врска со ова.
@Jana06 @lavinija28 кога сте на вакцина нас кога ја примивме првата ни запишаа за утре да одиме ама да не е рано нема 4 месеци уште ?? Незнам дали да го носам или да почекам до наредна недела барем
Ние требаше денес, ама не го носам бидејќи јас го однесов крајот на јули (тогаш за една недела ќе правеше 3 месеци)и ќе му дојде брзо. Сакам барем 40 дена да поминат па така некако ќе ги пресметам деновиве за сите три дози да се подредени некако подеднакво, а не на пократко растојание. А да прашам, сега вторава доза исто е со две боцкања и рота, така? Боцкањата не можат да се одложат за понатаму?
Мајки после колку време од вирус ги вакцинирате бебите? Мојов имаше 2 пати вирус во рок од 2 недели, ништо страшно, ама еве уште носот малце му протекува. До кога да чекам, пневмокока требаше да примиме..