Сношти качи малку температура 38, и дадов сирупче, и се симна веднаш. Во текот на нокта не качи повторно, ке видиме денес како ке биде
Нас ни закажаа на втората недела после 2 месец да прими вакцини, но ништо не ми кажаа , колку вакцини ќе прими оти гледам се повеќе , дали се со боцкање , дали ќе има реакција после ваше искуство? Дали тајмингот е запазен? Првите две во болница ги прими. Има 5 кила.
Ок е тајмингот,има вакцина со пиење за рота вирус, и шестовалентна вакцина-опфаќа вакцини против 6 болести,тука спаѓа и ди те пер ,оваа е со боцкање во ноџе За реакција кај нас до сега имало само тт 37.3
Синко е година и 9 месеци. Утре планирам да го носам на вакцина МРП. Ќе земам антипиреа лепенки, дома имам и сирупи Далерон и Блокмакс. Мн се плашам од висока температура како реакција од вакцината. Како поминаа вашите дечиња со МРП?
Баш зборев со една пријателка на тема температура,ми вика нивната докторка им викала кога малата имала тт да и даде пола таблета дијазепам, за да не дојде до грчеви од висока температура. Си слушнала за овој метод до сега? И јас бев многу исплашена минатава недела кога беше болен малиов за прв пат и тоа со тт до 39.2 Инаку за мрп после 10 дена кај деца на колешки имаше реакција, тт и растечен нос. Добро поминаа
Нели Дијазепам се дава ако веќе еднаш јави грчеви... Предходно не. Ќерка ми во Јули фати Росеола вирус, крена темп 39.2 но немаше грчеви. Дадов Далерон сируп, и ѝ ставив чорапи со Бор Алкохол разладен. Симна за 1 час... Полека симнувајте температура, само да не дојде до хипотермија. Таа е пострашна од грчевите. Инаку и ќерка ми ја нема примено МРП, здравје кон Ноември планирам да ја дадам на 20 месеци
Денес систематскиот ни беше, демек ме убедуваше докторката дека е добар за боцкање, ама мене нешто не ми даваше и одложив за 10 дена.
Дали ќе згрешам многу ако не ги прими втора и трета доза рота? Имам грижа на совест, а не сакам да ги прими.
Не ти требаат лепенки за оваа вакцина. Така ни кажаа кога го боцнавме. Синко супер помина, немаше никаква реакција.
Претходно кога примаше дтп на 6 месеци, ми качи тт околу 38.6. Тогаш давав Ефералган сируп, ама не ја симнуваше. Тогаш ставав и лепенки, од таму ги знам.
@happygirl за Мрп не требаат лепенки. Вакцината е многу прочистена и скоро кај никое не дава реакција, без грижи. @Jana06 твоја одлука е, ама најдобро е секоја вакцина да ја прими. Баш за рота ми е криво мојата што не ја фати за малку.
И јас сакам да ги прими сите вакцини, но последните 2-3 недели има многу течни и зеленкасти столици, се мачеше со грчеви, па ја одложивме. Вчера го носев за крвна слика и испадна стомачен вирус дека има и пак ја одложивме. Веќе ми е страв зашто никако да му се среди столицата и се мислам после вакцината да не има поголем проблем. Јас би ја скокнала ама пак ќе се консултирам со лекар.
@happygirl внук ми минатиот месец,на полни 12 прими ММР. На 6тиот ден качи еднаш темп,со сирупче помина брзо.Други реакции немаше.
@Jana06 Што му даваш за проливот? Јас кога имаше пролив, покрај Биогаја, му давав Линекс бејби дропс и уште одма му се среди, само еден ден имаше пролив.
Марина уште на телефон кога се слушнавме ми рече не е пролив. Она беше сигурна дека е од мојата исхрана ама вчера кс покажа вирус. Мене паметот одма на корона ми отиде Се мислеше и она кои капки да ми ги даде, спомна Еспумисан викам шанса нема ама ако не помине од диетата моја и оризовата вода ќе ја прашам за линекс. Фала ти.