Го боцнаа сабајле синко со МРП, докторката рече да ставам лепенки денес и утре, да не му се направи топче на боцнатото место. Се брои и денешниот ден како прв, нели?
Како ке знаеш дека има грчеви? Мислам како реагира детето во тој момент. Онака прашувам, чисто информативно .
Поминаа три дена, не крена температура, ја поминавме и оваа вакцина Односно две боцкања, петовалентна и пневмокока, плус рота. Само грчеви има, претпоставувам од ротата бидејќи претходно немаше. Не плаче, му коркорат цревата и прцка. Вчера си искака најнормално, мешето не му е тврдо.
И јас го боцкав мрп, па докторката ми кажа дека неѓа потреба од лепенки за оваа вакцина, а за другите уназад за сите сум ставала.
Ништо. Нормална реакција од вакцината. Ќе се повлече за некој ден. За да се разнесе подобро е ациди борици. Ама и без тоа ќе се повлече.
Оли пак ќе те цитирам за ова. Два дена беше супер и еве го денеска 6 столици полни слуз ама барем не се зелени. Утре ќе земам линекс. Како е дозирањето ти текнува? И некој совет плус што да јадам освен банана, ориз, компир и сл? Таква му е возраста не можам баш да му помогнам, да беше на цврста храна друго е.
По 6 капки еднаш на ден, јас му давав во 18 часот, но верувам дека нема врска саатот. Така почнав бидејќи и Биогаја му давав сабајле. Одма му помогнаа, после првите капки уште еднаш пролив имаше и толку, после му се среди. Тоа што пиша, тоа јадев. Варен компир, ориз, банани. Ајде брзо да му помине, малку повеќе му траеше макава со мешето.
Му трае долго и јас веќе не знам колку. Среќа веќе не плаче толку изгледа му намалија болките во мешето, инаку душата ми се кинеше. Имаше ли твоето слуз во столицата? Не знам од што така, Марина вика од самата вироза ама некако не ми е логично вирус толку време да го држи. Кога сме веќе во темата вакцини, многу тешко да се убедам да ја прими ротата, мислам до 23та недела се прима.
На два месеци се дава една вакцина со пиење и една со боцкање, едната е рота а другата која е ? И уште едно прашање на четири месеци се ставаат две вакцини со боцкање, прашањето ми е кои се тие вакцини ???
На два месеци мојот прими рота и шествалентна. На 4 месеци се рота, петвалентната и пневмокока, ова од Оли што имаше пишано пред некој ден.
Ич не знам да ти кажам право дали имаше слуз. Некако многу течна му беше и зеленкаста. Не сакам да ти влијаам на одлуката за ротата, но 2-3 дена душа ми излезе, се уби од грчеви. Сега видов што се грчеви, вакво нешто никогаш немал. Имал кркорење, малку виткање на ноџињата и прцкање, но сега и плачеше. Ноќното спиење претходно му беше прекрасно и му се поремети тие денови, не се делеше од мене и од мм, не сакаше сам да е. Можеби тоа му е и од скокот па се поклопи, но маста ни излезе деновиве. Грчевите капак. Стопати се покајав што му ја дадоа, но се тешев дека ќе помине. Еве денес е подобро, си заспа и во креветче, а ништо живо не сакаше никаде освен на цице или мм да го гушне. Се надевам дека веќе ќе му поминат, конечно мирно спие. Ќе подразмислам дали ќе го носам за третата доза. Марина што вели за ротата? Што те советува?
Не ми бараа крвна слика, само ме прашаа дали во скоро време бил болен, дали примал некаква терапија и сл.
Ја прашав што мисли, не ми рече никако да не ја прими туку рече со ваква крвна слика и ваква столица - да не ти падне на памет. Леукоцитите му се 15, вика тој сега со сета сила се бори против ова, па плус и со рота да се бори не доаѓа во предвид. Мене одлуката ми беше донесена само имав грижа на совест ама стварно не можам со недели да го оправам. @Bilbilce Мој совет и да не ти бараат направи крвна слика зашто никогаш не знаеш.