Јас сум презадоволна од Букурешт, иако само еднаш бев таму. Од хигиена, односот на сестрите и на докторката, објаснување и преглед, супер. Само не ми се допаѓа што не ми дадоа картон и мене.
Јас сум задоволна од Железничар кај Беко. Направи му крвна слика и ќе видиш дали е за вакцина. А ваму кај што одиме со затнато носе ќе ве вратат. За ротата имаш уште 3 недели, максимум размак меѓу двете е 10 недели.
13 ден од Мрп,9 и 10 ден имаше темп,вчера извади осип денес муе скоро повлечен. Дали е завршивме со реакциите? Пукнав веќе.
Ај ќе помине сосема, ќе се опуштиш. Аман со оваа МРП, значи јас возрасна минатата година примив и две недели бев како да ме тепа некој 24 часа. Омалаксана и со температура која стигнуваше до 38, а две недели константно ми беше над 37. Пукнав јас, не па детенце. Ама ќе помине
Сто пати се покајав што ја ставив ама мораше за во градинка. И мислам дека освен за стрептокока веќе никогаш нема да го однесам на вакцина. Тотално се избезумив и се опседнав да не му е нешто. до бате
Мн си оптеретена. Броиш денови, чекаш реакција. Олабај се. Јас ништо не следев освен детето како се однесува.
Јас моите во Идадија ги носам океј се ,односот на вработените океј .Не ти треба педијатар ако сакаш да си сигурна претрчај во авицена направи му брисеви чисто да си бидеш мирна.Денес бебе ми прими втора доза рота ,шестовалентната прва и стрептокока прва доза ,за стрептококата те прашуваат дали сакаш заедно или после месец дена да дојдете пак за стрептокока.
Носите бебе за крвна слика и одма после тоа на вакцина или следниот ден на вакцина? И од колку до колку работат за вакцина во Јане Сандански ако знаете? Може и за другите пунктови да ми кажете работно време. Немам одлучено каде ќе одиме.
Му правам кс и утредента го носам. За работно време сега со короната не знам зашто ваму каде што го носам се закажува термин еден ден порано.
Јас од Букурешт избегав во Идадија (Млин балкан) ради Сирма. Предобра докторка, јас сум кај нив и дури немав за Мика за прва вакцина кс , ме пратија горе на втори за да го боцнат, ја виде крвната и го вакцинираше. Незз до колку работат точно, ама мислам дека со 13 боцкаат.
Еден ден пред да го носам на вакцина правам крвна слика. Јане Сандански мислам дека од 7:30 до 13 часот работат.
Имам упат за крвна слика во Авицена за синот кој има 2 ипол месеци, утре ќе одиме бидејќи задутре ќе прима вакцина. Дали може во било која авицена да одам, колку се доплаќа со упат и од каде ќе му зимаат крв на бебуш?
Ќе зимаат крв од прсте. Авицена Аеродром не работат со упати, Тафталиџе работат. ( незнам точно можно е околу 20-30тина ден, сигурно ќе каже некој што бил).. Мада обична кс за вакцина без упат ти е 200ден, и да го однесеш во Аеродром нема гужва одма го боцкаат, резултатите се за 10тина мин.
Мајки нс син ми со третата доза рота му боцнаа и стрептокока. Од јули била оваа воведена како задолжителна. И сега за 1 месец пак требало да одиме, ревакцина на шествалентна и инфлуенца, значи 2 боцкања наеднаш споделувам чисто како информација.
Мојот син првата доза рота ја прими со плус две боцкања во ноже... Сега на 26 сме втора дозаи пак ќе е две боцкања воноже... Некој искуство до реакции ради две боцкања?
Моето немаше температура ни за првата ни за втората вакцина. Само за втората после 3-4 дена имаше два дена грчеви од ротата.