И мојата како помалку да јаде денес, проверувам нема температура, не знам дали сега за ноќта да и дадам Далерон.
Јас само сабајлево дадов дома многу плачеше изгледа го болеа, после тоа не. Еве и сега си спие од 8 мерев нема температура, но претходно јадеше по 150мл сега ќе испие 60 и несака едвај со молење и плачки до 100 .... Ако не ја боли (да плаче да се жали) нема темперстура мислам нема потреба од сирупче
Nie sme denes 2 meseci i 12 dena i sme zakazani za vakcina ... mislev samo vo ednoto noze bockaat i so pienje deka ima ...
Nasvo dvete ne bockaa i plus so pienje rota. Od shtip sum jas mozhe razlichno rabotat ama site shto gi znam se isto vo 2te ,vakcinirani tuka
Таа со пиење е рота, прва доза се прима до 12та недела. Ако има околу 5кг тежина и ако е се во ред со бебето, ќе прими и шествалентна во двете ножиња
Не е шествалентна во двете нозе, во една е. Ако има две боцкања, едната е шествалентна, другата е превенар. Различни вакцини се.
Во двете ноџиња ако ги боцкаат едната е шестовалентната ,едната е превенар за стрептокока првата доза .Обично секогаш прво прашуваат дали сакате одеднаш да прими и шестовалентна и превенар или сакате нахнадно да дојдете за превенар .
На машкиот близнак му беше скоро вака, пратив слика на педијатар ми рече дека е силна реакција на бсж. Нема потреба од загриженост, ништо не му ставав за некој ден се нормализираше, додека кај девојчето исто беше успешна но има нормална реакција само мала црвена точка.
Денес примивме вакцина во двете ножиња и во уста. 2 месеци и 8 дена сме. Сега ми качи темп и дадов далерон сируп. Ставам и лепенки на ножињата. Дали за 6 часа пак да дадам сируп или само доколку пак има темп? И што друго да правам? На колку време да проверувам темп? Страв ме фаќа како ке ја минеме ноќта
Колку температура качи? Јас се мислам дали петвалентната и превенар да му ги ставам во ист ден или да ги раздвојам. Инаку, сируп јас би дала ако пак качи температура, мери кога ќе приметиш дека е топло. Со лесно да поминете.
Синчето пред 4 месеци (кога имаше месец) прими бсж и се уште не му е заздравено целосно, на 2-3 пати се правеше како гнојче па ќе исчезни... кај вакцините ми рекоа посилна реакција имал, ама ништо да не правам, во никој случај да не го чепкам.
Денес примивѓе ние рота 2 доза.. И две боцкања во ножината.. Исто беше и првиот пат.. Освен што слабо ручка денес друго ништонемаше.. Ноќта е долга ќе следам ќе видиме како ќе е...
38 има темп. Докторката ми рече ако качи од 37,5 на горе да и дадам сируп. Помина пола час и уште не ја симнува. Повеќе од 4 часа не е јадена и не сака да пие млеко, само спие. Ме загрижува, нормално ли е да не сака млеко и да спие повеќе?
Да, нормално е. Може и кенкава да биде, нервозна, плачлива. Измери пак по некое време ама мислам дека со толку ќе помине. Од тоа што сум читала обично ако качува, одма ќе качи висока температура. Расоблечи ја да и биде комотно, да не се топли плус од алишта.
Искуство со Превенар да споделите , нели се вкупно 3 дози Прва доза прими на 4 месеци. Сега има 12 месеци Дали ќе прими уште две дози или со возраста се намалуваат дозите?
Дали е можно од рота вакцината да ни се потемети какањето. Си какаше по 3-4 пати на ден без проблем одкако ја примивме вакцината и помалку јаде едвај 60мл и со молење до 100 ако стасаме (претходно пиеше 150мл ) истиод ден се искака два пати после тоа и еве наредниот ден само еднаш се искака густо густо, а и чајче пиеме ...