Да, се извинувам во едно ноже е шествалентната Може, најчести реакции од рота се дијареа, грчеви, повраќање...иако неретко минува и без реакција https://deca.mk/shto-mozhe-da-ochekuvate-po-primaneto-na-novata-rota-vaktsina/
Бебево за некое време прави 9 месеци и освен првата доза за рота ниедна друга вакцина нема примено, оставив така заради ситуацијава ми беше страв инаку сакам да го вакцинирам. Е сега прашањево ми е дали ќе има некаков проблем да се примат покасно вакциниве или нема да може?
Женски пред 3 дена ја вакцинирав бебка шестовалентна и рота, вообичаено има 3-4 столици течни, а денес 9 столици течни. Дали е опасно толку многу столици, дека многу мала е 2.5 месеци ми е страв. Инаку си цица . Некој искуство?
Пролив, реакција од ротата. Јади ти повеќе храна што помага против пролив, форсирај цицање и ако имаш линекс бејби дропс дај и според упатство. Најдобро е сепак да консултираш доктор, но јас дадов линекс на своја рака и му помогна за течните столици.
И внимавај со пелените. Веднаш фрлај ги и миј раце. Жив вирус исфрла, може некој друг да го фати. Некои 7-10 дена отприлика.
Zdravo, bi sakala da ve prasam dali od bsz vakcina moze da se kaci temperatura, malata mi e 9 meseci na 29ti ja vakciniraa povtorno i sega kaci temperatura, mi rekoa deka od ovaa ne se kacuva
Женски наредна недела треба да примиме рота...2+ сме Ептен сум исплашена ...што мислите за вакцинава ? И дали претходно треба крвна слика како е редот? Фала ви
Треба крвна слика зошто е прва вакцина, ( после тие во болница) Нема од што да се плашиш,јас повеќе би се плашела ако не го вакцинирав зошто голема беља знае да направи овој вирус
Внимавајте да не ги доцнете вакцините, освен ако нема некоја пречка. Не за џабе е избрана одредена возраст за одредена вакцина.
Втора рота ја пропуштивме, каснам со превенар и петвалентната, пред месец ипол требаше да го носам. Му правев 4 крвни слики и не беа за вакцина, па по совет на педијатар ќе чекам да излезат првите заби. Веќе 2 недели минимум му е потечено непцето, плаче и се чеша многу, веројатно е од тоа.
Само прва доза рота прими, после не го носевме дека ми беше страв заради ситуацијава. Ниедна друга нема примено.
Едната е пнеумокок за стрептокока јас не дозволив,многу боцкање и во ист ден.Ја одложив после година дена и е во 2 дози а од 2 год е во една доза.
Вакцинирате сега во пандемијата? Син ми во понеделник треба да ја прима ДТП на 7 години. Овака е добар, сакам кс, ама ми е страв е зошто сите што се разболуваат прават кс прво. Лабараториите моментално ми се најризични. Не знам дали така да ставам или да одложам? Вие правете кс?
Дали кај тие дечиња што имале осип од мрп изгледа како сипаница,како зрна? Моево само на нозете е нафрлано,после 13,14 дена се појави а сега се сушат и 20 ден поминаа од вакцината па дали е од неа? Вака не се чеша
Ја вакциниравме во септември и во октомври сега, не направивме крвна поради тоа што цело време е дома ради ситуацијата и е здрава, сметав дека не мора да се маткаме по лаборатории во овој хаос, кога знам дека е здрава. Додека идеше во градинка подруго, пред секоја вакцина обавезно к.с..
Моево оди на училиште, вака нема никакви знаци дека е болно и затоа не ми се шета по лабараториите оти знам какви пациенти одат.