Јас мислам дека се познава доколу нешто не е во ред, поготово со деца кои што одат во училиште и знаат да ти кажат ако нешто има, јас еве кажав како направив, ја однесов директно во диспанзер, таму ја прегледаа и ја вакцинираа а не ни побараа к.с ни они - се беше во ред во наш случај. Со среќа
Вакцините што се на 2 месеци, рота шестовалњнта и превенар сите ги стававте од едно одење? Многу ми изгледа...
Нас не ни ја ставија превенар на 2месеци, ни рекоа на 4 месеци да се спремиме. Тогаш ја примивме со ротата и петовалентната..
Мене докторката сама ми ја одложи вакцината за пневмокока на 9 месеци првата доза а втората негде пред годината. (докторката ми е познаничка).
Па реално таа не е врзана временски, може кога сакаш да ја прими. Ама ете треба да дозволат. И јас се надевам дека ќе ја одложиме таа. Само да видам дали ќе ги убедам.
Немаше некоја причина.. Едноставно рече ќе ја ставиме одделно. Да дополнам само ме праша дали планирам во градинка да ја носам а јас не планирам до кај 2 и пол години.
Многу е според мене, рота и шествалентна прими моето и поминавме без реакција. Превенарот планирав после втора доза рота и петвалентната (во посебен ден) ама заради лоша кс одложивме.
Што мислите воопшто за вакцинирање во време на пандемија? Не е ли зголемен ризик, што ако брзо по вакцинирање се заразиме од вирусов или веќе сме а уште немаме симптоми?
Зголемен е ризикот да, но ако немаше пандемија послободно ќе шетавме, па ќе фатиме сезонски вирус така да... Крвна слика и ќе знаеш на што си.
Затоа се препорачува после вакцина да не се мешате со луѓе. Нас педијатарот тоа ни го потенцираше, барем 1недела само ти и маж ти никој друг со бебето. Така и направивме. Ама ако маж ти иде на работа тогаш и он нека се дистанцира малце од вас, не мора да го бакнува бебето, таа недела само ти биди околу него.
Да нели овој е поопасен вирус не е како другите сезонските, маж на работа, дете на училиште, тешко некогаш скроз да се изолираме, старите во иста куќа... С Денот кога ја примивме првата вакцина, големата ќерка си дојде од училиште со температура , а добра отиде без никаков знак, изезе настинка ама некако страв ми е.
Јас се исто така мислам што да правам. Од кај да знам дека не е асимптоматски? Матичната лажа вакцинирала, ама избегна да одговори што аки е асимптоматски. Кај деца корона ретко кога дава клиничка слика. Плус мора да оди на училиште, и како да му ја ставам. Крвна слика не покажува дали има корона или не.
Епа добро, ние сме друга ситуација, мм не иде на работа, од дома работи и ова ни е единствено бебе, па можевме да се изолираме. Не знам мајка, направи како што мислиш дека е најдобро според тебе.
Ние сите.. И прва и втора доза.. Сега 3ти пат ќе има само едно боцкање а другото мислам дека е на годината