Јас не сум ја однела на ниедна вакцина, скоро 4 и пол месеци има бебе. Се плашам од се веќе и се пазам оддалеку. Крај краева не е ништо страшно да ги прима со закаснување.
Денеска во државна докторката ми рече Мајка послушај ме, не мрдајте од дома, ова не е нормално секој втор е болен. Сестрата ми рече можело преку обична крвна слика да се проверат антитела, само не знаеше да ми објасни убаво, нејзе и испитале во лабораторија.
Задоцнување од неколку дена и неколку месеци не е исто. Не џабе е избрана одредена возраст за одредена вакцина. Ризикот од несакани нус појави се зголемува со зголемување на возраста. https://www.ringeraja.mk/statija/20...7qw8bUJ7C1NqG2-KQLTgNSLOa2TOZQHoRuo_tZ7cuMQLo
Рота нема да прими знам дека неможе со закаснување. Можеби ке трае со години, ама не морам да ја носам сега кога се бројките на заболени како што се. Јас одлучив дека ке почекаме, нормално секој за своето дете си одлучува како мисли дека е најдобро Можеби дека малата ми е пред време родена, па сум по претпазлива незнам... Впрочем и доктори да прашате верувај различно мислење ке добиете дали да се причека или не.
Majki da ve prasam, bidejki prv pat ideme na vakcina pa dali ke moze da mi kazete kako ide postapkata dali da go nosam maloto vo vakcinalen punkt ili mi treba upat od maticen nesto? I baraat li krvna slika da se odnese konkretno za idadija?
Денес бевме на вакцина. Докторката ме праша колку месеци има синко? И велам 5,5 месеци. И напиша на посебно ливче дека бебе треба да прими рота ( трета доза ), пневмокок ( синко не ја прими, минатиот пат, бидејќи ушињата му беа црвени )и шестовалентна. Излеговме од кај докторката и и ја дадов книшката, картонот и ливчето на сестрата. Потоа, сестрата излезе отиде кај докторката. Нешто се консултираше. Потоа, сестрата ми кажа дека бебе нема да прими сега шестовалентна. Прашав зошто? Одговорот беше бидејќи нема 6 месеци. Е, поента на сето погоре наведено е: ме праша колку месеци има? И кажав 5,5 месеци. Ми вика ок. И велам синко ќе прими трета доза рота, пневмокок и шестовалентна. Да, да. И после нема да прими. Абре цел ден сум ?????? Дали некој има искуство како јас денес?
Можеби ми е глупаво прашањево,ама не се разбирам, па подобро да прашам. Син ми има примено само 1 доза пневмокок, ќе полни 2 години за месец ипол,а со тоа и ако не ја прими до тогаш,после не може да прими втора доза. Дали иако не прими две дози од вакцината детето со само една доза ми е заштитено,односно дали смета ако има примено само една доза,а не и двете?
И мене ме интересира ова, и моето прими една доза до сега,на 7,8 месеци. Сега има 13м ама заради ситуацијава со вирусов зимава тешко дека ќе го вакцинирам.. Дали до 2 год може да прими уште една? Нели се вкупно три,или се намалува дозата со возраста?
Пред прва вакцина потребно е да се направи крвна слика. Упат за крвна слика дава педијатарот,одиш во некоја лабораторија го боцкаш бебето и со резултатот во вакцинален пункт. Можеш ден ,два претходно да направиш крвна слика. Моето го боцна пнеумокока и му даде рота. Кога прашав за 6 валентната ми објасни дека не сака да го преоптоварува организмот и нема дс го боцка тогаш,доволно било оптоварен со Превенар-пнеумокока . Го боцна 6то валентна со 3та доза рота. Не се секирај,ќе си ја прими следен пат
Сите ќе ги примиме, за некој ден. Така планираме. И онака не се дружиме со никој, се сме дома. Прошетки сами ќе правиме доколку е сончево, ако не дома ќе си бидеме, како и обично. Јас не би одложувала, ова не се знае до кога би траело, а не планирам да не вакцинирам. Ако не беше коронава ќе беше ладно време, загаден воздух, можен грип од најблиските пренесен. Затоа решив да вакцинирам
Мојава ја прими втората доза сега една недела пред да наполни 2.Помина без реакција.Имунитетот што се стекнува со вакцината е подобар со повеќе дози и затоа најдобро е да са примаат трите дози до годинка.Е сега ние што не сригнавме до 1 ,сепак со две дози до 2 годинки ќе има подобар имунитет отколку само со една. Јас сметам дека е многу битна вакцина и затоа се потрудив да ја прими на време.Не гледам дека во догледно време ќе има промена во ситуацијава со короната,па сепак мора некогаш да ги ставиме вакцините. Изборот е сепак твој.
Фала ти на одговорот. Се мислев зошто во картонот му запишале датум само кога треба да ја прими ммр,а за втора доза пнеумокок нема напишано ништо. Сакав да одиме да прими само пнеумокок,па после месец да ја прими ммр,да не бидат и двете наеднаш,ама нз дали би сакале така.
Да така направив и јас.Сега прими само пнеумокок а за крајот на декември закажавме за ммр.Не правеа никаков проблем.
Зошто да не може после 2 превенар. Мојот ја прими после две, додуша само една доза, зошто после 2 г. само една доза се ставало. Мислам до 3 дека боцкаат.
Превенар може до 5 годнини да се прими, мене ме прашаа последниот пат кога бевме дали сакаме да ја прими таа зашто било последна шанса(малата полнеше 5 за некој ден)