Јас знам преврнар и поголеми може. Мислам до 5 е во диспанзер, а после треба во центар за јавно здравје
Да @Ano веројатно е така, ми споминаа нешто за во јавно здравје ама бидејќи не планирав да ја прима воопшто не прашав . Некоја мајка искуство за превенар дали навистина има ефект? Зашто читав дека само од 5-6 типа стрептокока заштитува
Мене ми ја препорачаа и на клиника да ја ставам, зошто заглавивме со многу лоша инфекција на уши. После неа одеше во градинка, од ноември до март и мака немаше. Дали до вакцината, дали од цефчињата или едноставно веќе почна и имунитетот да му се зајакнува не можам да тврдам.
A zosto e problem prodolzenata zoltica? I nie sega treba da gi primime vakcinite 2 ipol meseci sme a imame uste malku zoltica
Зависи од првата рота кога сте ја примиле ама околу петтиот месец се тие, па после еден месец има други, го немам вакциналниот картон кај мене моментално.
Превенар 13 ја даваат, штити од 13 најчести типови на -стрептокока пнеумониае-, таа што предизвикува пневмонија, и што добар дел од популација ја има природно во нос. Првата генерација, Превенар 7, беше за 7те најчести.
Според http://zdravstvo.gov.mk/wp-content/uploads/2019/11/Kalendar-za-imunizatsija-2019.pdf Рота - орално Превенар - боцкање Петовалентна (хаемофилус инфлуенза, полио, дифтерија, тетанус, пертусис) - боцкање
Вирусот е жив и затоа пелената се затвара убаво, се става во кеса и се фрла веднаш. Раце миење нормално.
Рота кога примивте, дали почнаа од одма грчевите во стомак и како беше со неа? Не е искакано моето бебе, но грчење и плачење жално и силно со гасови има, па ме стиска од болка со рачињата и штом ја опушти веднаш во секундата заспива.
Би требало ако има грчеви од неа да се јават истиот ден. Моето немаше ми се лини од вакцината но од дете што си кскаше 3-4 пати кскаше еднаш на ден ( обично оди со дијареа ако има реакција) и мн намален апетит можеби затоа какаше ппомалку.
Кај моето не почнаа одма грчевите, таму некаде 5-ти, 6-ти ден после вакцината. Траеја околу два-три дена, а какаше нормално како и претходно.
Дали вакцинава може да се одложи и за колку време најмногу? Закажана ни е за денес, 4+ сме, ама направивме крвна анализа и чудна ми е, синче има малку покачени лимфоцити па не знам што би можело да биде и дали ќе дадат зелено светло за вакцинирање. Единствено имаше потечна столица неделава, ама еднаш дневно какање, мислам не е ништо.
Да се самоцитирам, крвната слика ни била всушност супер, ни објаснија дека за периодот од 3-4 месеци се јавувала таа нормална физиолошка анемија кај бебињата. Ако случајно има некоја друга загрижена мама во иднина, може ќе и се најде информацијава