Јас бев средина на октомври. Нема протокол. Внатре влага еден родител, а во чекална никој не контролира колку луѓе чекаат за жал. Ама па и како да контролираат, не може со бебе надвор да чекаш. Докторкте не го допираат бебето, ти го држиш цело време. И за ротата јас му ја отварав устата.
Има ли некоја искуство со примена само 1 доза Рота? Стекнува ли некој имунитет бебето со нејзе или џабе сме ја примиле кога втората е пропуштена... Денес го боцнаа ревакцина 6валентна и пнеумокока, машки издржа, секунда закенка само Сега се надевам нема температура да ми качи
Моето прими само прва доза и другите нема да ги прима. Зборев со педијатар, ми рече штом е на доење да не се секирам.
Освен кс друго што проверувате пред ммр? До сега за сите вакцини само кс, не знам дали нешто дополнително да му проверувам.
Грешка пишав горе 5 место 6 6валентна знам дека е дифтерија, тетанус,пертусис, ХиБ (инфлуенца вирус тип Б), хепатитис Б и полио. Плус пнеумокока Моето таа ја прими втора доза сега на 5+ месеци. Мислам дека уште една доза има, нека ме поправи некој
Јас носев само кс. Ме прашаа само дали имал реакција на белка и толку. Без реакција ја помина. И тоа ја прими на 18 месеци. Нели на 12 требаше но тогаш нели беше "пикот" во април и во октомври го однесов
Па не верувам дека некоја од постари генерации прошла низ рота. Измутиран вирус е. Бебето добива првично антитела преку плацентата, потоа колострумот содржи супстанца која е нова за новороденчето, secretory имуноглобулин А (IgA). IgA работи за напад на бактериите во мукозните мембрани на грлото, белите дробови и цревата кај кои најверојатно ќе дојде до напад од бактерии. Со понатамошно доење бебе е нон стоп под имунолошка заштита.
Јас колку што сфатив, секое дете може да го фати рота вирусот, но наводно доените деца може да го поминат многу лесно дури и без обилна дијареа.
А тоа важи само за ексклузивно доени или и вака комбинирано како што е моево? Ваљда не го дојам џабе.
Оли, не мисли на ова најдобро Пу, пу, не дај боже, мене ептен ме исплашија со овој вирус на форумов затоа и читав нешто од сзо и според нив само треба имунитетот да биде на ниво. И нели се смета дека доените бебиња имаат подобар имунитет, па сега не знам, најдобро е да се разговара со педијатар за ова, да се додадат некои витамини за секој случај. Ја прашав Марина истото ми го кажа за доењето и не распрашав за повеќе информации. На пример, рота вирусот не може апсолутно ништо да му направи на здрав човек, треба да си ептен без имунитет за да го осетиш (како на пример на хемотерапија). Најдобро е консултација со педијатар зашто сме во сезона на вируси, а секое бебе си е посебна приказна.