Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Вакцинирање и реакции после вакцина

Дискусија во 'Бебе' започната од stefi23m, 30 октомври 2012.

  1. eli.karameli

    eli.karameli Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2012
    Пораки:
    2.020
    Допаѓања:
    5.534
    Еве да ти кажам за рота вирусот зошто со првото дете го поминав. Здраво право дете со пауза од градинка 2 недели,тргаме за Хрватска на одмор. Прв ден се сместивме и вечерта почна со пролив и повраќање.Мислевме од промена на клима,но до сабајлето дете се истураше и се тоа беше без престан. Ја однесовме одма во болница и таму лежеше 3 дена со инфузија. Значи кога фаќа тоа е пролив и повраќање до дехидрирање. Трае и до 10 дена. Многу гадно.
     
    На K7M10J му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Mila_Skopje

    Mila_Skopje Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2019
    Пораки:
    1.409
    Допаѓања:
    2.641
    Пол:
    Женски
    Не за џабе ротата ја воведоа како вакцина؛ Дете со тој вирус се цеди од проливи и повраќања и често завршуваат болнички за реХидратација затоа што ништо не мозат да внесат преку уста؛ Мајката не е вакцинирана така да освен општ имунитет не мозе специфичен за рота да пренесе؛
     
    На K7M10J му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.798
    Пол:
    Женски
    Читав дека е лош за деца затоа и мали ги фаќа, обично дека немаат добар имунитет. Возрасен здрав човек нема да го осети.
    Твојата ќерка на доење беше или ад? Ако била на доење значи буквално ништо не менува кога станува збор за рота од твоето искуство барем.
     
    На K7M10J му/ѝ се допаѓа ова.
  4. 0ли

    0ли Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 август 2016
    Пораки:
    11.615
    Допаѓања:
    35.533
    Пол:
    Женски
    Знам дека твоето не прими втора доза и затоа претпоставувам дека си зела да читаш и да се информираш.
    На моево уште трета доза му остана да прими, деновиве ќе го носам на вакцина.

    @eli.karameli Не беше вакцинирано девојчето или и покрај примена вакцина ја фати?
     
    На Jana06 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. WonderGuurl

    WonderGuurl Популарен член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2019
    Пораки:
    998
    Допаѓања:
    2.291
    Пол:
    Женски
    Синоќа се раскенка ептен, се жалеше како да го боли и едвај заспа. Потоа се разбуди во 1 цицаше, мерев со бесконтактен 38.2, а потоа во газе 37.8
    Се смири некако на града и си заспа накај 3ч, мирно спиеше
    Само го отскрив, лабаво облечен и после го допирав по главче не беше толку топол.
    Се надевам денес ќе биде подобро сепак пројдоа 24ч од вакцина
    Требаше ли да дадам сируп за кенкање, иако немал многу висока температура?
    Читав да не се мачело бебе, и за болка да се даде сируп
    Матичната рече дури над 39 чепче, дотогаш ништо:o мислам дека немаше да чекам до толку
    Инаку кога има температура, да се остави ли да спие и да закрепне или треба да се држи будно?
     
    На Izzy_0504 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. eli.karameli

    eli.karameli Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2012
    Пораки:
    2.020
    Допаѓања:
    5.534
    Не беше вакцинирана ,тогаш не ја имаше во редовен календар вакцината. Инаку на адаптирано ми беше првото дете.
     
    На 0ли му/ѝ се допаѓа ова.
  7. WonderGuurl

    WonderGuurl Популарен член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2019
    Пораки:
    998
    Допаѓања:
    2.291
    Пол:
    Женски
    И денес од утрово 37.6-9 варира. Го истуширав и заспа, сега не е толку топол
    Читам до 3 дена реакции:|
     
  8. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.500
    Лепенки ставате? И тие се за температура кога имаат.Моево немаше ама сите лепенки му ги ставив и супер пројде
     
    На WonderGuurl му/ѝ се допаѓа ова.
  9. WonderGuurl

    WonderGuurl Популарен член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2019
    Пораки:
    998
    Допаѓања:
    2.291
    Пол:
    Женски
    Ставав вчера, ама мислам дека тие делуваат само на местото да го лади и да не го боли боцнатото, дека немаат врска со тоа дали ќе качи температура, така мислам барем... денес е подобар
    А како мислиш сите лепенки му ги стави? Колку време ги носеше бебе?
     
  10. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.500
    дента кога го боцнаа и наредниот му ставив пишува дека се до 10 часакај нас брзо се одлепуваа сами дали од топлото се сушеа појма немам али добро му делуваа
     
    На WonderGuurl му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Izzy_0504

    Izzy_0504 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2020
    Пораки:
    1.414
    Допаѓања:
    4.029
    Пол:
    Женски
    Педијатарот ми вика најдобро на 2 месеци и 10тина дена да ги прими првите вакцини. Мене ми е страв да не нешто не е во ред со крвната слика, па да не ја испуштиме ротата, па сакав порано да правиме кс и порано да ги прими. Инаку вчера направи 2 месеци, не дека е прерано.
    Што мислите?
    @Alishan30 вие на 2 месеци примивте, што ќе ме советуваш?
     
    На Alishan30 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Alishan30

    Alishan30 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јуни 2018
    Пораки:
    7.062
    Допаѓања:
    119.013
    Пол:
    Женски
    Нас ни закажаа точно на 2 месеци, и во картонче така ни беше запишано.
    Мислам дека рота треба да е до тој период примена, внука ми не ја прими заради мало закаснување.
    Но штом таа смета дека може, шознам.
    Крвна слика не ни бараа, јас сама и направив за јас да сум сигурна.
     
    Последна измена: 29 ноември 2020
    На nadenadia и Izzy_0504 им се допаѓа ова.
  13. nadenadia

    nadenadia Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2012
    Пораки:
    863
    Допаѓања:
    2.236
    Ние пред 2месеца бевме да прашаме што како треба да носиме за првата вакцина, ни рекоа крвна слика, картончето од болница и да сме 2м и 2недели.
    Ова за во Јане така беше.
     
    На Izzy_0504 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Izzy_0504

    Izzy_0504 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2020
    Пораки:
    1.414
    Допаѓања:
    4.029
    Пол:
    Женски
    Па и мене ми е страв да не ја закасниме.. ќе одам неделава, некако шубе ми е. Не дека има причина да се сомневам дека ќе има проблем со кс, ама ми е шубе да не ја испуштиме
     
  15. 0ли

    0ли Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 август 2016
    Пораки:
    11.615
    Допаѓања:
    35.533
    Пол:
    Женски
    Најдобро да си препрашаш пак. Мене ми рекоа дека до 12-та недела треба да се прими рота, после ќе било доцна.
     
    На nadenadia и Izzy_0504 им се допаѓа ова.
  16. Alishan30

    Alishan30 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јуни 2018
    Пораки:
    7.062
    Допаѓања:
    119.013
    Пол:
    Женски
    ^ на сите различно ни кажувале, дај нека се договорат за да си знаеме:D
     
    На nadenadia, Izzy_0504 и 0ли им се допаѓа ова.
  17. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.798
    Пол:
    Женски
    За ротата секаде различно кажуваат ама по логика треба да е најкасно 12та недела. Третата доза се прима најкасно до 32 недела, а временското растојание меѓу две дози е максимум 10 недели.
     
    На nadenadia и Izzy_0504 им се допаѓа ова.
  18. Snowflake92

    Snowflake92 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    3.962
    Допаѓања:
    4.844
    Пол:
    Женски
    Исто и мене ме советуваше педијатарот така и така ги прими на точно 2 м 10 д. Кај нас ни крвна слика бараат ништо само го прегледуваат
     
    На nadenadia и Izzy_0504 им се допаѓа ова.
  19. nadenadia

    nadenadia Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2012
    Пораки:
    863
    Допаѓања:
    2.236
    Е ајде де, башка тука имам прочитано некои примиле рота и после 12та, а на пријателка 12+2 не им дале рота на бебчето |(
     
    На Izzy_0504 и Alishan30 им се допаѓа ова.
  20. Blueberry_88

    Blueberry_88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2020
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    8
    Пол:
    Женски
    Здраво мајки прочитав тука дека со низок хемоглобин не боцкале ммр, а во петокот во јане го боцнавме бебуш ммр, а на крвната слика беше низок хемоглобинов, иначе има 13 месеци точно и ионака ми беше шубе и страв од вакцинава сега и за ова мислам зашто го вакцинираа со слаб хемоглобин...се надевам само добро се дека ќе помине, ама многу ми е страв.. многу слабо јаде овие два дена полудев од грижи...
     
    Последна измена: 29 ноември 2020