@mimi6 Вакцината рота е жив вирус што се прима за превенција од рота стомачен вирус кај бебенца и мали дечиња да не го фатат во градинка или сл. Инаку да треба да се внимава со пелените барем една недела зашто и во каките го има вирусот и за да не се заразите вие. Мене кај вакцините ми рекоа да менувам пелена со ракавици една недела, али не ми беше практично и само убаво си ја бришев миев малата. После на крај дезинфицирав подлогата со алкохол и убаво си миев раце и немавме проблем.
Здраво, вчера примивне вакцина на 6 месеци, температура не крена, ама денес осеќам дека носето му е затнато малку, дали е можно реакција да има од вакцината?
Еве календар со детално објаснето се која вакцина кога и до кога се дава. Моите ги вакцинирав во четвртокот. Малото во 12та недела рота и шестовалентна, за пневмокока ми рекоа понатаму, прво да видиме како ќе реагира. Големото прими шестовалентна и втора доза стрептокока затоа што кога ја прими првата имаше година и девет месеци. Ако имаше полни 2 години ќе примеше само една доза. Пневмокок му ставив по мој избор инаку не беше задолжителна за деца родени во 2018 година. Само од тоа се разболуваше. Не направи некоја разлика, по месец дена пак се разболе од стрептокока. Пробавме со оспен, не симнуваше температура, дадовме антибиотик реактивен на стрептокока, му помина. Така да вакцинацијата не е гаранција дека нема да се разболи. Малово си ја исцица полека ротата, му се цицаше, а боцката го здоболе богами. 3-4 дена после вакцината почна чудно да се однесува како гладен да е, а на града кратко седи и се трга, се нервира. Ми делува како гладен. Евентуално ако има грчеви од ротата па од тоа се сецка и приплакува не знам, немам искуство со рота. Што друго можам да очекувам?
Мамички, утре треба да примаме вакцини - прв пат после родилиште. Ве моламза мислење за кс? Вака ми изгледс добро се, само цпт е маалце покачено, не знам ни за што е тоа. Испратив кај матичниот да види секако, но вака од искуство што ќе кажете?
И мене ми кажаа дека не треба лабораторија, но и јас направив. Добра беше. И оваа на малиот на Изи е добра
Јас обавезно, хемоглобин, леукоцити, црп, се што може да се провери. Не би барале, за мој личен мир правам.
И јас за секој случај му правам крвна слика и ЦРП. Вчера му проверував, топ му е и денес го однесов на вакцина. Прими шестовалентна, пневмокока и рота. Се надевам дека добро ќе помине Се расплака, а и јас со него Среќа не плачеше долго, срце ме заболе. Не знам како се решив да останам овој пат внатре, сакав веднаш да си го гушнам после боцкање. Носев и лепенки, сестрата веднаш му ги залепи на двете ноџиња.
Мислев на чело, да не случајно се става. Докторката ништо не ми рече, а и јас заборавив да ја прашам.
Тоа претпоставувам ако крене температура, па да се разладува челото. Не верувам да има таква реакција од ротата.
Леле дај боже да нема. Што ми требаше да отворам на ФБ соба за доење и ад прочитав искуства дека многу тешко ја поднеле третата доза. Сега воопшто не сум мирна.
Моето од ниедна вакцина немало реакција, лепенки сум ставала само на боцкано. А ротава не знам дали реакција е тт, мислам дека е пролив и повраќање. Уствари може и ми бљуцкал минимално кога примал рота ама ништо загрижувачко. А и ако немало реакции претходно, најверојатно нема ни да има со трета доза.
Исто и ние денес ја примивме. Ај што полесно и побрзо да ни минат овие неколку дена. Претходните две немаше никаква реакција. И мене ми блуцна сега на последното јадење. Мислев дека е прејадена, бидејќи прво цицаше, па потоа и дадов ад. И беше многу немирна, си играше со цица, јас и правам ѕааа, а таа се смее и се крие во цица. Циркузи Можеби и како реакција на вакцината ми блуцна.
Не сум многу запознаена со температуриве али нели е подобро од ноџињата да ја влече температурата на чример како оцетот па и лепенките одколку глава? Просветлете ме за понатака да знам