Оли колку ја плативте крвната слика во ремедика? За таму е без упат така? Само кажуваш црп да проверат и друго што?
Елче и на вакцина па недај боже може да закачат нешто јас би го носела не се знае. Кога бев трудна одев во синлаб тафталиџе прва сабајле рано внатре по еден само
Да, без упат е. Платив 250 за крвна слика и 350 за ЦРП. Велам пред вакцина е, да му земат крв за крвна слика и за ЦРП. Го однесе мм во лабораторија, за 5 минути завршија. Сестрата беше па љубезна и додека чекавме надвор резултати, дојде и ни ги донесе, не ни влегов пак.
Фала ти Оли За вакцина сегде влегува 1 родител? Сакам маж ми да влезе со бебе ама од друга страна па ми е жал да го оставам Ама ја каква сум ако почне да ми плаче ме фаќа паника и нервоза а и имам уплав од игли и така. Башка да не се испотепам ако не го боцнат убаво...леле компликација сум знам Што мислите?
И двајцата ќе влезите. Верувај твојот страв нема ни да го мислиш тогаш. Му требаш кога ќе го боцнат, да го гушнеш и да го земеш во раце. Маж ми беше и тој ја анимираше, ама кога врисна, викаат "земи ја мајка, смири ја" Ајде со лесно да мините
Јас за мој мир си направив истиот ден КС, и на докторката и напоменав дека многу се лигави и дека и е затнато носето. Ја виде КС и убаво ја прегледа и малата. Инаку примивме 2ра доза рота, петовалентна плус Превенар. Од ротата немаше некои реакции за разлика од првиот пат, само редовно си какаше(али не беа тоа мн течни столици). Е сега, три дена беше многу млитава и нерасположена, со ТТ што варираше до кај 38.9 (али све тоа мислам дека од Превенарот беше). А во врска со боцканите места ставав облоги со ациди борици со исечено чорапче да го држи памукчето. Со нив немавме проблем.
Ние влеговме двајцата, маж ми повеќе мене ми беше поддршка И јас не сакам боцкање, но верувај во тој момент само гушкаш бебе силно, му зборуваш, го бацуваш, го галиш и не постои ништо околу, ни игла, ни сестра, ни боцкање.. само утеха за него. Јас мислам обавезно да одиш ти, а маж ти ако сакаш тебе да ти е поддршка
Чим може двајца супер ја мислев ради коронава само ја ќе треба Сакам и он да биде присутен не после да ми вика: "Ееее де бе за една вакцина"
Двајцата влеговме и еден од едната, а другиот од другата страна стоевме, сестрата на средина Мм го држеше за ноџе, а јас за раче и му зборувавме. Кога заплака, со мм се погледнавме насолзени, го зедов во раце да си го изгушкам и избацувам. Мислам да одиш и ти.
^никогаш нема да ја заборавам првата вакцина и сега си поплакувам за тоа, кога ќе ми текне колку сме храбри и силни ние мајките Толку дечиња сум видела и ги боцкале пред мене и сум ги жалела, тешела, ама кога писна Јована и ја земав да ја тешам, неа и зборувам а солзи ми се тркалаат по лице. Најранлива бев тогаш. Збориш, тешиш, бакнуваш а срце ти е распарчено на милион парчиња
Само што мислам ми ее плаче. Маживе ( не знам за вашите) ама мојот не знам некогаш дали ќе разбере. Секо плачење мене ме боли внатре а он си е лабав, нека плаче...не го допира и уште луда ме прај зашто сум се нервирала. Затоа викам ако е еден да си влезе он чим е толку лабав. Ама на крајот од денот секако знам дека ќе издржам за него
Ни јас нема да ја заборавам,како и ја збрца сестрата иглата,она плаче,плачам и јас,па уште ми се изнасмеа и ми вика "де бе мајка"
Мојов се потресува ептен, цел се насолзува и не зборува, грутка му стои. Не верувам дека е лабав, можеби така реагира за да не паничите двајцата, те гледа дека ти се потресуваш и за да не ти прави поголема паника.
Јас двете деца ги вакцинирав па ми рекоа поголемкото со мм да чекаат надвор... Многу се нервирав. Дали дете да смирувам дали да мислам што ми зборат и што да прашам. После не памтам што ми кажале. Ова со едно дете е тешко сам, а не двете деца... Поголемкото прво го боцнаа и после не можев јас да го тешам, излегоа надвор со мм, јас останав сама со малецково рота и шестовалентна да прими. Дали да го гушкам или да го облакам. Не плачев ни со поголемкото, никогаш не сум плачела ама таков тип сум. Си знам јас како ми е на душичкава. Кој трпи ќе си се оболи ко мене, ама не можам да се сменам, таа сум...
Секако дека ти е тешко, тамам работа. На различен начин реагираме сите, а на сите ни е стресно и душа нè боли. Мене најмногу ми е проблем тоа што сум уморна, немам концентрација и важно ми е мм да е тука за да запомни барем нешто тој, а нешто јас.
За тоа не ми збори. Ништо не се сеќавам како било со поголемото, а и за ова не знам пред една недела што било. Одиме на лекар, излегуваме до кола јас веќе сум заборавила колку го измериле. За некои работи прашувам како прво да ми е
И не само што не помнам од сега до после туку и грешам зборови, не ми текнува што сум почнала да зборувам и до каде сум. Ми се испржи мозокот, се надевам дека некогаш ќе се вратам во нормала