И мм го префатив, па често врска немаат зборовите што ги кажуваме. Пред некој ден мм држи состанок онлајн, зборува со некој битен и го гледам и слушам гласно му зева на уво на тој Го гледам и му мафтам, а тој не сфаќа што направи. И кога му кажав после, не се ни сеќаваше дека му зевал
Се исто ко што пишуваш ми се случуваше и еве пак. Ко неписмена сум некогаш. Не ми текнуваат зборовите ама поминува.
Најмногу ми е криво што не запишувам ништо, радосницата на поголемото е скоро празна. А се сум со некое дете во раце, и едноставно не ми текнува да запишам. Нема ни отпечатоци од раче и нога. Отидовме офтопик...
Јас затоа многу се нервирав во ремедика што не го пуштаа кај педијатарката. Таа се ќе ми раскаже ја мозок на пасење до толку што немав запамтено кога се договоривме следен термин па морав да се јавувам. Затоа сакам да влезе на вакцина и да чуе што треба. Ме нервира што ги двојата и они се фамилија татко му е. Дали знае некој каде со сигурност на кој пункт пуштаат двајца? Ја мислев во Јане Сандански да го носам
Во Букурешт двајцата влегуваме. И мене ми пречи што мм не може да влезе на преглед во Ремедика, но таа чекалната е толку мала, што уште мажите фалат.
И како така негде 1 пуштаат негде 2 @0ли како е букурешт со гужви? Одделно е за здрави деца за вакцина?
Само за вакцини е влезот, не влегуваат други таму. До кај 12-13 часот вакцинираат деца, а после тоа доаѓаат за сезонски грип. Јас во 12 го однесов и жив човек немаше. За првата вакцина го однесов рано први да сме. Досега гужва не сум видела, надвор чекаат ако дојдат во меѓувреме додека сте вие внатре. Супер поминуваме таму, а и ептен се љубезни и услужливи сите. Ете поминаа 72 часа од примањето на вакцините, третпат без температури Нормално си какаше, само утредента после боцкање сабајлето беше малку како омалаксан. Ни грчеви досега не осетив да има, не беше плачлив.
Добар е фала Богу. Не покажа до сега никаква реакција ниту промена во расположение. Читав тука дека од ротата знаело после 1 недела да појави температура, па ќе видиме. Не мора да значи секако. Вие добри сте?
Се надевам дека така ќе остане. Малиов втората вакцина кога ја прими, после 4-5 дена (не се сеќавам точно) имаше грчеви и му поминаа по три дена. Не знаев дека од рота може да се крене температура, мислев дека може да се појават само грчеви, повраќање или проблем со какање. Добро е, ништо не му е, немаше температура. Весел е, си игра, како и вообичаено се однесува. Само утрото после вакцина малку како омалаксан беше.
Нема грчеви до сега, ама и инаку давам пробиотик само, пред недела две ги прекинав колактезе што ги давав. Мислам дека не би почнала пак ако ептен не мора пошто процес беше додека ги прекинавме, па да не пие пак уште еден месец за џабе
Здраво на сите, би сакала да прашам колку долго е во ред да се одложи вакцина, конкретно вакцината што е на 2 ипол месеци? На првата крвна слика бебчето беше малку слабокрвно, а сега хемоглобин добар, ама е малку настинато. Сега сме 3+. Ве молам за совет, загрижена сум што се нешто излегува и сеуште не сме вакцинирани. Ви благодарам