Фала ти. Утре сабајле прави 72 саати.. до сега се смени бојата на столицата и се изретчи - пред тоа какаше 4-5 пати на ден, а овие 3 дена кака 1 или 2 пати пообилно. Од утре/задутре се надевам дека ќе се врати во нормала
7ми ден од ммр. Никаква реакција нема. Деновиве што следат да очекувам реакција? Кога да почнам да дишам?
И мене неубав впечаток ми остави. Јас не знам како таков тип на луѓе се одлучуваат да работат со деца..
Ве тераат две дози ммр да примаат или доброволно ги вакцинирате пред година? Прашувам затоа што ако се стави на 13 месеци нема потреба од ревакцина, а ако се стави порано мора уште еднаш да се вакцинираат.
Бубиш кога примивте ММР? Овде кај мене е во две дози,на 9 и на 12 месеци. Оф топик.Добро е што ве прочитав за black out-ите кога сте на вакцина.Не сум единствена.Се блокирам,не знам што зборам,се препотувам,како на усен испит да сум.Сега за во Јануар му кажав на маж да си излезе од работа порано,неќам сама да се тресам таму.Он е плачкото кај нас,јас сум смирената со бели влакна
Која? Две ми се погодиле досега и едно машко. Сите биле љубезни и мм дури е фасциниран од однесувањето бидејќи е државно, а се фини, не сака на друго место да го носиме. Особено тој докторот, а бе да ти е мерак да ти се падне.
Една плава станата на лева нога ни на живо се радува ни на мртво плаче...Само што закенка малце поглед еден упати демек ај смири си го детево да не плаче...До душа на моја другарка така и рекла. И кога ми обесуваше дека и со доење и со ад требало на три саата да јаде боже господе мајчино мчеко и формула не е исто и не може да го држи исто ама ај...
Со врзана коса? Мене ништо не ми коментираше такво нешто, му зборуваше на малиот, со нас си направи муабет, само што нè врати бидејќи нешто не и' дишел чисто кога го слушаше, иако сомнително ми беше бидејќи двајца го имаа претходно слушнато и топ му беше и крвната слика. Но можеби ја изнервирав што и' кажав дека сме биле кај матичната и да не се задржуваме многу. Ама пак беше љубезна и сега кога го носев откако нè врати, се сеќаваше на нас. Или па нè замразила па не запомнала
Истата е ваљда, исто плава.. воопшто не се насмеа, не му прозборе на детето да осети топлина или малку милост. Не ни плачеше мојот на прегледот, не барам да ми го смирува, ама секој ЧОВЕК општо на бебе милно му прозборува... женава ладна како камен. Ја прашувам јас за следни вакцини, не го ни крена погледот од компјутерот само рече да си видиме во книшката, се си пишува. Машкото доктор беше на почеток малку и он беше премил, го закачаше бебево, му збореше, нашиот му се насмеа дури ама излезе он и остана докторката да го прегледува. А за сестрите што боцкаа немам зборови, ептен фини, срдечни, насмеани, па муабет на бебуш, па закачкање.. До човекот е, до ништо друго..
На 10 месеци и на 12 е кај нас (Австрија). Прашав, као немат одстапки или примаш на 10 или не примаш ич, првата доза поминавме супер, ни температура, ни вознемиреност, ни пак поспаност. @K7M10J
Ние денес бевме за прва вакцина, ама само Рота примивме не не боцнаа дека имаме 4600. Требало 5кг да има за да ја прими другава вакцина. Во Систина педијатарот не ни кажа ништо за ограничување во килажа . Таман се спремив психички за вакцина сега пак ќе треба да одиме. Крв од прсте преживеавме
Ајде, ќе направи 5 кг и ќе прими, тоа е. Кога требаше моето да прими прва вакцина, чекав до крај на 12-та недела за да направи 5 кг. Инаку, тоа со прстето ми е ептен така не знам да опишам. Па кога ќе му го завиткаат, такво малечко, после му го скапувам од бацување. Тоа е нешто што најмалку ќе го боли во животот, но ете, мене душа ме боли кога е боцкан. Па и крв ако видам, уффф...
Шестовалентна претпоставувам. И јас слушнав таков муабет од пријателка дека ги вратиле за покасно да направело бебче 5кг