Шестовалентната. Ја прими некој ден пред 12-та недела кога направи 5 кг. И Марина ми рече да чекаме, а и во Букурешт прво нè прашаа дали има 5 кг.
Ахаа епа добро, таа ја примивме ние покасно изгледа зарад кг можит.. никој не ми спомна дека мора над 5кг да има.
Ретко кој матичен кажува дека бебе треба да има 5кг па да се вакцинира...да не пишевте вие појма ќе немав среќа моево 6 кила имаше ама таа плавушата и за тоа искоментира демек многу јадел...а баш бебето си има 6 оброци на ден и за ова ме изнервира највеќе
Подобар е тој коментар него мене што ми го дадоја со зборовите ,, Дали ти воопшто и даваш нешто да јаде?'' Со плачење излегов од ординација.
Внуками ја вакцинираа редовно иако немаше 5кг,таа сегс е скорл 7 медеци има 6200 кг а ја прими третата доза
Ние веќе ги примивме. И реков на докторката дали може едната па другата таа ми рече дека заедно требало. Ако се деси нешто со голи раце ќе ја задавам.
Значи како се неусогласени општо докториве, навистина нема смисла!!! Докторот што е во Букурешт, во книшка ми запиша кога МРП, а кога последна доза пневмокока и баш ми рече дека двете не ги давале заедно. Каде бевте за боцкање?
Ние сме од друг град, не сме од Скопје. Јас сакав и да ја одложам МРП вакцината бидејќи имам читано разни коментари и ја прашав дали може сега едната па после некое време другата, или општо двете да ги одложам. Ама дете здраво право зошто одложување и ни ги ставија.
Мајки , ај и овде да пишам-како поминавте со трета доза рота и вакцините кои одат пропратно (мислам беа пнеумокока и дтпр)?
Во врска со КС за пред вакцинирање, искуства со повишени лимфоцити? Црп е ок (треба помалку од 6 , кај нас е 3,9)
Незнам мојава кога ќе качи 5кг, деновиве нешто слабо цица, може да е од вакцината? Колку време се пази повеќе на хигиена после ротата? Јас денес сакам да ја легнам во коритце да ја избањам, се надевам е безбедно..
Па може вакцина, скок да е што не цица многу. Нуди почесто, лесно сварливо е млекото за мешето, помага и со ротава. Јас секогаш му мијам прво газе пред да го бањам, што знам за секој случај. Кај вакцините секогаш ми велат да го бањам, дека ќе го освежи тоа.
Во Букурешт ми рекоа една недела да не давам нови намирници. Денес му е шести ден од вакцина, па продолжив со воведување.
Кај нас во пп вакцините беа одложени две недели поради вирусов. Е сега за ротава, оваа сабота малиот влегува во 32 недела (таа нели се дава макс.до 32) и ако го носам на вакцина следнава недела , не знам дали ќе му ја стават. А крвна слика правев на 2ри (тогаш требаше и вакцини да прими но испадна да не работат), и сега за после 15 не знам дали пак крвна да правам....