Од вакцината може да е реакција или од стравот ? 24ч поминаа од нашите вакцини до сега е ок ноќеска спиеше само е кенкав еве сабајлево плаче повеќе за раце и има грчеви...
Па тие сами треба да ти го дадат картонот, јас си го имам кај мене и го носам кога одам. Можеш да го вакцинираш каде сакаш само картонот да го носиш (мислам дека @0ли го носи на вакцина и во Скопје и во Охрид). Нема гужви, закажуваш еден ден претходно и си одиш во терминот, нема чекање. Таткото стои кај сестрата, мајката е со бебето ама вратата е отворена, па и тој гледа се и се наоѓа за помош ако затреба.
Рече од вакцината може почнала така да прави навечер и да и давам далерон пред спиење. Ако продолжила вака, да сум отидела за крвна слика, вели чисто да видиме за анемија или нешто друго. Некако не ми се поврзува крвна слика со плашењето и кенкање во сон
Јас имам во книшката запишано што дал и кога е следната а картонче не ми дадоа само запишаа број на картон Ај ќе пробам баш телефонски да ги добијам ако не ќе одам да ги прашам пред вакцинација Фала ти
Па ни мене а да не се грчеви само може не му се изразени еве синчево денес го фатија ќе се испрди па се смее...
Не може само со книшката, мора и картонот со печати и потписи. Јас имам дупли картон, во Охрид ми го дадоа и ми запишаа тие кои вакцини му ги дадоа, но пред да го боцнат, ми бараа картон од Скопје. Па ајде се јавував во Скопје, по Вибер ми праќаа слика од картонот како доказ дека примил претходно и што примил. Во Скопје не даваат дупли. Потоа со тој картонот од Охрид бев во Скопје и ми ги запишаа вакцините што тие му ги дале, го вакцинираа и сега во двата картони се запишани сите. Ми понудија од Букурешт да ми го дадат нивниот, оригиналниот, но немав потреба од него штом имам дупли. Но секогаш ми бараат и картон и книшка.
Тоа ми спомна и другата педијатарка од ремедика. Вели заби или грчеви.. нема таа грчеви веќе мислам, само онака црвенее додека прдне или кака. За заби мислам рано е, но на преглед уште кога беше 1 месец напиша докторката почната дискретна дентиција.
@Milkiway јас сум под Карпош, па во Идадија одам. Имам дупли картон, од старт ми дадоа, еден мене, еден кај нив. Баш читам дека од скоро почнале само по еден да даваат. Баш ќе видам како ќе биде бебе кога ќе го носам, дали ќе ни дадат 2.
Како сте сега? Не сум видела има симптоми. Јас сакав на 18 месеци но сега за 24 ни продолжија. Гушки до зетко
Колкаво е бебето? Може да примите и прва доза поливалентна (шествалентна), треба да е бебе 5кг за таа, може и превенар прва доза. Значи башка од ротата може и боцки во двете ножиња.
Тогаш рота и шествалентна веројатно ќе ги прими, за превенар ќе одлучи педијатарот,таа до година се прима, две дози се.
А бе оваа пневмококата досега двапати ја прими. Нели се две дози? Докторот во книшка ми запишал трета доза кога да прими.
И мојата нема примено превенар досега а е скоро 6 месеци. Вчера бевме на контрола, прими трета доза рота и втора доза поливалентна. Фала Богу првиот ден добро помина, не крена температура, се однесуваше како вообичаено, се надевам така и ќе остане