@0ли во право си, @Butterfly1107 расоблечи дете, можеш туш со млака вода, битно е дали е свежо бебето или малаксано, не е многу висока оваа температура. Над 38 можеш да дадеш парацетамол, се зависи и тоа во каква состојба е бебето, дали е свежо или малаксано. Доколку цица, форсирај почесто да цица или ако даваш течности за поголемко дете, форсирај и тоа да се рехидрира редовно. За превенар и ние ја примавме, во помал град живееме. Првите вакцини ни беа 3, и сега за ревакцини ќе бидат 3те исти. Не сум сигурна но мислам дека превенарот е задолжителна, не е факултативна, или грешка сум нешто.
Требаше да ја прими на 4+ месеци ама ги откажавме вакцините за тогаш, инаку ме прашаа дали сакам заедно со петтвалентна или за друг ден да одложиме.
Пневмококата е таа којашто ја спомнувам погоре, истата вакцина е со оваа за којашто прашуваш. Ја прими првпат на 4 со петовалентна и рота и сега на 6 месеци со шестовалентна и рота. На 2 месеци не ја прими, не беше тогаш задолжителна кога моето имаше 2 месеци, а веќе 4 кога беше, кажаа дека ја направиле задолжителна. Еднаш е боцнат на 4 месеци и еднаш на 6 и нешто. Не е страшно, може на 4 месеци да го боцнат. Кога имаше 4 месеци, мене ме прашаа дали сакам да го боцнат тогаш. Инаку, мислам дека ако помало го боцнат, три дози се.
Е добро читам и ја на календар дека може и покасно да се прими не ми беше јасно зошто не ми ја ни спомнаа Фала ви многу девојки
Денес примавме вакцина рота и петовалентна, прашав за превенар ми рече ке ја оставиме за понатака и ке прими две дози, сега нека биде само едно боцкање.
Кенкав е, не е омалаксан ама сака да бидам до него или да го држам во раце. Сега заспа. Знам дека не е висока температурата ама се нема спуштено под 37 од вчера. Башка матичната ме исплаши рече ако продолжи вака до утре ќе мора во болница да го носите. Инаку му купив чајче на хип и неколку сокчиња. Зошто многу малце пие вода. Преска во водичката му ставив малце сок од јаболче и пиеше околу 10мл. Инаку 6 месеци е и до сега нема пиено ништо освен мајчино млеко и вода. Не знам дали згрешив со сокчево. Секако не планирам за стално вака ама сега да пие повеќе течности.
А бе како ти вели за 37 температура да го носиш во болница? Ако е така, моево секој ден треба да го носам по болници, секој ден нормална температура му е 37. Само кога спие, тогаш му е под 37.
37,3 беше без вакцина кај моето бебе па никому ништо. 37 не е за на лекар, стварно. Ќенкав е, ама ќе помине, нормално е да е приврзан со тебе по вакцинирање
Син ми при превенар во една доза вакцина на 2 години и 11 месеци, а бебе прими прва доза заедно со шестовслентна и рота, сега прими втора доза превенар, петовалентната и рота, ми рекоа ревакцина за превенар после 6 месеци. За првиот пат кога ја боцнаа ме прашаа дали сакам да ја боцнат тогаш или сакам да дојдам нахнадно, ама дека они ме советуваат да ја боцнат заедно со другите вакцини бидејќи сметале дека била здраво бебе.
Здраво мајки, Едно прашање можеби чудно но ете морам да прашам. Кога ја примивме вакцината на 2 ипол месеци, иглата кога ја видов се стресов од што беше дебела и малата ептен ми заплака како никогаш претходно. Јас што отрпнав со игли од ин витрото па таа ми се виде многу дебела. Сега сме 4 месеци и сме во понеделник на вакцина и мислам дека 20 дена психички се спремам. Мислите ли дека треба да сугерирам за потенка игла? (ама си викам ваљда они и мислеле на ова)
Иглите за мускулно се поголеми, а мала игла е за поткожно. Инаку, не гледав во иглата кога го боцкаат, го гледав малиот во лице и му зборував. Пробај така.
Во идадија беше така? Мене па не ме прашаа ај баш ќе се распрашам зошто е разликата да не е до кс а не ми кажале рекоа во ред е не спомнаа ништо Фала ти
Јас како што видов, шприц, игла и такво мало стаклено за течноста идат во комплет. Значи од самата вакцина. Ја видов сестрата отвори кутија, во неа го имаше целиот комплет запечатен и го отвори и тоа, ги спои деловите, ја извлече течноста го боцна. Така да мислам дека не може да бираш игла
За една вакцина земаат класичен шприц и игла, за друга оди комлет. Која е која не знам, заедно ги примаше синко.
Значи кое тресење паѓа кога треба вакцина да примат децава. Ми се чини дека не дишам тие денови пред, а и после. Ама па вака кога ќе помине, раат сум си велам до следната. А времето лета и ете ја следната...
А кој има малку поголемки деца, колку често одевме преку недела две ми се чини цело време бевме на вакцина. Пред овие шествалентните.