Дали е можно од ротата малата да има зачестена столица? Знам за грчеви, пролив, треска, повраќање... Беба моја денес какаше 5-6 пати сигурно, а јаде малку цел ден,од кашичката проба само неколку лажички. Инаку трет ден е денес од кога ја прими третата доза рота, после првите две дози немаше никаква реакција.
Која нервоза од вчера вечер Ве читав,ја земам книшката и гледам дека ротата му ја ставиле на 15+1 Неможев да спијам. Други вакво искуство? И што се нус појавите?!?!
Синко, денес прими шестовалентна и втора доза пневмокок (превенар). 6,5 месеци е бебе. Како на игли и трње сум неколку дена пред вакцината и по вакцината. Капак на се ми е што мм вечерва е трета смена. Уф, одвај чекам да помине ноќта. Синко, денес цел ден беше весел. Слава му на Бога, до сега сите вакцини поминаа без реакција, без температура. Се надевам така ќе биде и сега. Колку имам страв од температурата, па тоа е чудо. Ова ќе ми биде најдолга ноќ, од кога е роден синко. За секој случај, сирупот е спремен. Не дај боже да затреба. Ноќва да ми го чува Св. Никола.
И јас многу се плашам Еве утеха температурата е добар знак дека телото има реакција и се бори. Што и да е ќе се симне и намали сите ко мали сме го поминале тоа. Без паника без страв имаш сируп и средства штом до сега немал нема ни сега да реагира.
Добар е. Над 38.5 се дава сируп. Мојот многу ретко има под 37 степени. Легни си да спиеш, секако веројатно се будиш во текот на ноќта, ќе го осетиш ако му е покачена. Со лесно
Расоблечи го тогаш, спремај му пешкирче ако треба да го истушираш, сирупот до тебе е и ако има потреба дај му. Ќе помине, само не паничи.