Може, велат дека до една недела може да има реакција. Моето од втората доза имаше малку грчеви, му поминаа за два-три дена.
Дали има некоја мајка искуство или знае , дали може да направст проблем за вакцинација кај дечињата со атописки дерматит? Знам дека не смета ама пак искуство некој ако има да каже, во пон треба да го носам на вакцина
Здраво ,да ве прашам за што е вакцината што се става во ноџе на 5ти месец? И дали црвенило околу местото што е боцнато е нормално? Ви благодарам.
Оток има? Ставај или лепенки или облоги со ациди борици. Ако имаш лепенки, во фрижидер чувај ги за подобро да го ладат местото.
Само е црвено И ставам лепенки. Вчера прими вакцина. Не знам, последниот пат кога беше боцкана во ноџе немаше никакво црвенило. Дури не се гледаше ни кај е боцната. Затоа се загрижив, да не е некаква реакција. Еве слика. Не успеав убаво да сликам, плачка е денес Спојлер
Душиче... Мислам дека ќе помине. Моето имаше црвенило кај убодот на последново вакцинирање и се повлече за некој ден.
Одиш директно не закажував чекаш ред ја чекав 40мин или 1ч. Најдобро е да одиш рано од 8 или после 11 нема никој после паузата
Ц ц ц уште да чекаме 1 саат ни фали...ама тоа е, мора таму да одиме, таму ни е и матичната. Тенкс за инфо
Јас затоа се префрлив во железничар таму е со термини А која општина си центар? Зашто да мораш таму? Букурешт Јане Железничар се далеку по чисти и по средени ваму малце гнасно ми беше ама оди види ако не ти се свиѓа мењај
И јас мислев прво железничар, ама за Идадија ми кажа матичната за после да одиме на контрола кај неа...инаку сум во општина Карпош. Сега ме стави во мисла, да одам Букурешт ако не...
Букурешт оди види многу е средено мора да ти каже мислам дека платите им се врз основа на колку пациенти имаат што мора исти ден контрола кога секако педијатар те проверува Мене не ме примија во Букурешт дека О.Цемтар Во идадија има што одат и се задоволни види си ако сакаш па одлучи си кај ти е поубаво таму можеш да си земеш картон да смениш ако не ти остај добар впечаток
Мислам @0ли беше задоволна од Букурешт, побарај мислења назад, инаку не знам зошто матична би го прегледувала бебето после вакцина. Нека го прегледа 1-2 дена порано, крвна слика направи си и ќе си одиш на вакцина каде сакаш. Секако и таму пред вакцината педијатар пак прави целосен преглед. Бебето после вакцина ќе биде плачливо, кенкаво, може ќе заспие и нема потреба да се малтретира пак на преглед.
Се согласувам со Јана, преглед пред вакцина, не отпосле. Јас сум задоволна од Букурешт, супер се. И чисто, фини, не пуштаат сто души да влегуваат, љубезни. Го носам кај педијатарот пред вакцина, крвна слика правам и потоа на вакцина. Ми се допаѓа што не ставаат вакцина ако доктор таму не му слушне барем дишење и основни работи не го провери, иако сум рекла дека претходниот ден бил кај педијатар.
Директно се оди, јас и со постарото дете еве сега и со бебе секогаш сум одела во 11 часот и најмногу сум чекала 15 мин... Задоволна во Идадија, и од докторката што прегледува пред вакцина и од сестрите а за матичната, немам зборови..
Сега и пишав на докторката, мислела само да поминеме за да се договориме за следна контрола. И мене ме збуни зш бевме пред неколку дена ја мереше и направи целосен преглед, а на крај ми рече да дојдете после вакцината во петок. Фала ви на сите за споделеното искуство. Денес ја бокцаа за крв цело прсте и е модро, многу преташе со рацете. Па од што бев цела побркана не има кажав да ја боцнат во.лево, десното палче го цица, еве цел ден е кенкава. Затоа ми е страв за утре, сакав да ја носам кај што се внимателни. За 2 дена имаме и 3 скок, Господ нека ни е на помош.
Мора да имаш картон за да ја боцнат на друго место, не е доволно само книшка. Прежално ми е кога му е боцнато прстето, такво мало и завиткано со памукче и фластер Па уште модро во една лабораторија му го направија, после и кожата му се лупеше. Не знаеја убаво да му земат крв. Ајде, со лесно да поминете и со вакцината и со скокот
Носи ја во Синлаб, еднаш го носев и ептен се внимателни. Може и до детето е, моево не трепка кога му зимаат крв, тоа памукчето после 5 минути му го вадат, не се познава ништо. Исто и во Ремедика супер поминуваме, ако поминувате натака однеси ја во лабораторија 250ден е, Синлаб мислам 250 е, но работат и со фзо.
Мајки, во Јане е со закажување или директно се оди? Сакам да земам упат во понеделник од лај матичната (претпоставувам треба малку едно прашувам друго ми кажува и незнам како иде) и одма да го однесам може така или со термин е? Крвна слика утре ќе му правам.