Искрено, прв пат слушам. Јас кога го носев немаше матичен педијатар. Спојлер: Диспанзери Еве ги броевите од сите диспанзери, ќе си се јавиш утре каде сакаш и ќе си прашаш дали се закажува и што ти треба. Земи си го отпусниот лист од болница каде што се запишани вакцините што ги примил таму за да се запишат во картонот.
Внимателни и многу љубезни се во Синлаб, но нам ни се погоди една што двапати го боцна и не успеа да му извади крв, се изнастиска. Па дојде постара, третпат го боцна и беше успешно. Вриев што го изнабоцкаа. Среќа не плаче и си посматра, инаку ќе ги убиев. За Ремедика немам замерки, одлични се. Да не мислела упат за крвна слика.
Незнам ако не сме се сфатиле може, иако и кажав дека утре ќе го носам за крвна слика дали во понеделник да поминам за упатот што ми го спомна... Може и во гужви не ме разбрала ќе видиме Инаку после колку дена јавуваат реакција ако има од првиве вакцини д си прашам пошто трема имам како ќе пројде а празници фаќаат?
Се збунала можеби. Ќе следиш ситуација три дена, обично ако крева температура, во тие денови ќе крене. Од ротата до седмиот ден од прилика може да и' се појават на пример грчеви. Најчесто без никаква реакција поминуваат. Ќе ти објасни и матичната, сируп Ефералган ќе земеш, се дава според тежината ако качи 38,5. Има во пакувањето лажиче со цртички за да мериш. До 38,5 треба да се расоблекува, да се разладува со туширање (без главче). Но верувам дека нема да има потреба од сево ова. Знам дека си во грч, секогаш сме под стрес пред и по вакцина. Ќе помине.
Да, во Синлаб ја носев во Тафталиџе, јас таму одев цела бременост, задоволна бев. Не беше толку до сестрата, туку она многу мрдаше. Баш и сестрата се чудеше од каде толку сила, вика леле ама се брани, браво. Јас не гледав дирекно, маж ми ја држеше мене ми беше жал, стоев позади нив, а и тесно е во тоа просторијата.
Јас во овој на Јужен булевар го носев, 2 пати го боцнаа зашто првиот пат не течеше крв Ама без проблем помина, фини се ептен,па и малиов не реагира на иглата. Ако мрда многу некои тропки да земеш следен пат или на града доколку цица.
Дали во Железничар правиш крвна слика ми рекоа да земам упат и таму да одам дека за 5м се одма резултатите па на вакцина. Има гужви за крв или да си одам на приватно?
Не сум била никогаш, иако таму е матичната на приземје. Ми викаат секогаш оди кај докторката земи упат, во лабораторија и качи се за вакцина. Ама јас дека во Ремедика го носам на месечни контроли, па таму најлесно ми е крвна слика да направам. Колку што сум видела вака низ клиниката никогаш немало гужви, а и бебињата секаде имаат предност, ќе кажеш дека се брзате за вакцина.
Не ти треба да закажуваш за во Јане Сандански. Јас таму го носам, одиш и чекаш ред. Првиот пат дојдовме во 8ч и имаше повеќе гужва, минатата недела накај 8ипол немаше никој ама после нас се створи гужва. Под гужва мислам 3/4 дечиња. Работат во две соби, две докторки така да брзо иде. Инаку јас го носам во Авицена. Првиот пат дечкото супер беше, синко не ни осети боцка. Сега вториов пат друг дечко беше и малце беше груб ама тоа е.
Во ремедика прошли пат начекавме гужва од Железара фабриката правеа тие систематски хаос беше со стравови првиот пат неуспешно боцкање па пак се вративме Одам дека ми е ептен пред зграда ремедика Тенкју
Денес прими рота втора доза и петвалентна, докторката рече да не ризикувам да ставам од лепенките, бидејќи се појавила реакција кај 2 дечиња што се вакцинирани овде, испитувале било од лепенките, било поврзано нешто со нивниот состав. Ми рече само облоги со вода.
И ние денес примивме рота и шествалентна во Идадија, добро поминавме, малку плачеше, ротата ја голтна малку по малку. Носете си здравствена книшка, картон за новороденче и крвна слика. На нас сето ова ни го бараа, маж ми се враќаше по картончето, не го носев. После 9 имаше доста гужва ние бевме меѓу првите. Сега ќе чекам реакција. Инаку се согласувам за лепенките, според составот не знам колку е паметно да се става дирекно на боцнатото. Докорката ни рече да ставаме облоги ациди борици и супозитории ефералган, да не го поврати сирупот.
@Kate Rina 93 Како е боцнатото место денес? Еве пишуваат за реакција на лепенките, па те тагнав за да прочиташ.