Намалено и е црвенилото денес. Благодарам Не знаев дека не треба да ставам на боцнатото. Јас ладни и ставав и ги менував на 8 часа. Дента цел ден држеше лепенка, вториот ден само 8 часа и не и ставив повеќе.
Не е дека не треба, јас ставав на 12 часа 2-3 дена, но ете пишуваат дека кај 2 деца се појавила реакција. Но супер штом се повлекло, нема гајле
Тој што го даваат во родилиште. Кај мене конкретно од Чаир. Да видела дали примила вакцини при раѓање. Тоа од авион се гледаше BSG активна на рамото, ама се запна. Не знам на други дали го барале, ако била некоја скоро баш нека пише.
Да и ние бевме во брзо време и нас истото ни го бараа да запишат што е точно дадено вакцини во болница.
Да, јас вчера баш на Нина и пишав на претходната страница, не си видела ќе ви скратев едно враќање дома. Мора да го имаат за да ги запишат вакцините. А што е инаку со составот на антипиреа лепенките? Не дека се разбирам многу во хемија ама баш сега го погледнав и не видов нешто ризично. Каде имале 2 деца реакција?
Ментолот не се препорачува кај бебиња. Башка така на боцнато може да предизвика иритација или алергиска реакција. На чело и така и така ама на боцнато не би ставала.
Мене ми рекоа ациди борици да ставам, лепенките навечер да ги лепам. Така и правев до сега. @kukla21 картонче даваат на државно, нас ни ја бараа книшката од Систина.
Женски нас ни е 10ти ден од рота а веќе трет ден со грчеви и покачена темперстура, уште колку ке трае? Кенка цело време, вришти на моменти од грчеви, мака ми е да го гледам детето потиштено цело...
Прв симптом на 8ми ден, матичната ми вика од вакцина е, еве трет ден со грчеви и малку покачена температура... Доколку денес цел ден е исто дефинитивно го носам кај доктор
Бидејќи кај нас докторката за првата доза рота ми рече следи ја првите 24h, баш и се слушнавме , после тоа ја прашав дали уште да следам за температура ми рече не. Ако нема првите 24ч во ред е. Вчера прими втора доза. За тоа прашувам, изгледа сите различно кажуваат.
Мене пак ми рекоа може да има реакција до 10ти ден... И навистина 8ми ден покажа реакција.. Ептен стресно ми паѓа периодот кога се вакцинира..
Реакција од рота за проливче и да се внимава на каката ми рекоа 7 до 10 дена да се чисти убаво да се дезинфицира тоа кај што го преслекуваш А за температура 24ч да не и е настинка некоја Грчеви имаше од вториот или третиот ден траеше 3 дена Дали даваш капки за грчеви и колку темп има? Само рота ли прими?
Кај нас денес и е втор ден, малку покачена температура имаше вчера (37.2), малку беше кенкава. Сабајле имаше грчеви со плачење. Никогаш досега не плачела од грчеви, само се стигаше и беше кенкава. Ако е вака 10 дена ќе пукнам Едит вчера цел ден имаше течни каки, почести. И давав и пробиотик, па ќе видиме
8ми от ден почна со повраќање неколку пати и толку и почнаа грчеви од еднаш ке свика ке заплаче, 9ти ден веќе качи и температура 37 со 7, најмногу беше 38 но кратко траеше и сам ја спушти, денес е 10ти ден пак повремено има грчеви и температура 37 со 7 па 37 со 5.. Притоа е плачлив и во раце се држиме, капки давам и пробиотик, прими прва доза рота и шестовалентна