Се опремив со се пошто само јас изгледа вакцинирам дете во сред празници, утре ќе славиме со топломерот место жижици. Инаку јас се скапав од звонење во Јане да прашам за работно време никој не крена арно си нашла некој
Утре ќе го носам незнам ми јас звонев 10 пати никој не крева, колку што читав по форумов од 8 до 13 часот ама дали е така сеуште незнам ни јас, кај 10 планирам да го носам
Не примија за вакцина со 106 хемоглобин во Јане Сандански, и незнам дали дека жив човек немаше ама префини беа и сестрата и докторката и совети и со бебето се, дури и маж ми му рекоа прво да го остави малиот и да излезе после и него го оставија внатре, да знаете за кој ќе носи бебе. Реакции сега за сега немаме температура ако качи вечер да очекувам можно е така?
Здраво денес примавме вакцина бебето е 2 месеца и 3 дена едната ја пиеше другите 2 во ножето не се разбирам од ова температура нема ама многу плака што можам да му дадам или нормално му е
Моето исто примаше и многу плачеше најверојатно има болка во нозете кај што е боцнато. Мене докторката тогаш ми рече да дадам сируп далерон за болката иако нема температура му дадов само еднаш и се смири за втор пат немаше потреба.
Овој сируп и далерон се исти по состав (парацетамол) само фабричкото име е различно. Во аптека работам И ние треба да примиме вакцина на 9ти правиме 2 месеци, страв ме фаќа..
Точно исти се по состав само различна фирма се. Слободно дај му да не се мачи, парацетамолот освен што симнува темперстура и за болка може да се користи.
Не не зошто ако нема темп да даваш Се дава над 38.5 темп иначе каков ефект ќе има Плачењето нема да го смири дај капки за грчеви сигурно тоа е и пробиотик од ротата ствара Ти пиеш далерон превентивно за да не фатиш темп? Уште нешто на боцнатото ладни облоги со ациди борици
Внимавајте со парацетамол давање ако нема температура 38,5 бидејќи баш пред некое време пишуваше една мајка дека премногу му се спуштила температурата на бебето. Ставајте облоги кај боцнатото, до кај 38,5 разладувајте со соблекување и со туширање (без главче).
Парацетамол сите сме користеле барем еднаш во бременост за намалување на болка т.е. забоболка главоболка и слично. Не се користи само за висока темперстура. Ако има болка било каква детенце исто се препорачува парацетамол како што и даваат ибупрофен за темперстура т.е. блокмакс сирупот . Мајката најдобро знае зошто плаче бебенцето а може и со педијатар да се консултира. Јас на моето му дадов кога го вскцинираа првиот пат зошто многу го болеа нозете не даваше ни да го допрам и немаше никаков несакан ефект.
Ама може да има несакан ефект. Има примери на преголемо спуштање на температурата. Користеле трудници парацетамол во бременост за главоболка, но ако веќе споредуваме со возрасни, за секое мускулно боцкање не пијат парацетамол.
Најдобро е да се консултира со педијатар па тој нека ја советува. Јас лично сси кажав му дадов зошто беше многу жален и плачеше не даваше да го држам дури а и докторката така ме советуваше. Точно дека ние возрасните не пиеме парсцетамол на секое боцкање, и точно е дека општо познато кај народот е дека ибупрофен се дава при болка, а кај бебињата сирупот се користи и за покачена температура.
Точно, кај народот е познато, но несакани ефекти ете се појавуваат. Што ќе направиш ако една докторка ти вели давај сируп ако кенка и ако го боли местото, а друга ти вели може да е опасно и многу да спушти температура и да не даваш додека не качи 38,5. Која ќе ја послушаш? Мене за ова две докторки два различни совети ми дадоа. Или, ќе боли заб и ќе се напиеш. Ќе дојде време кога ќе го болат забите и ќе биде жален, нема да дозволува да го допреш, нема да сака да јаде, нема да е расположен, ќе кенка. Ќе дадеш сируп да пие? Пак една да речеме ти рекла давај, пиеме и ние за забоболка, а друга ти рекла дај само ако крене температура.
Кога ќе се најдам во ситуација ќе одлучувам здрсвје и не дај боже да треба и да има било кое такви маки. Секој одлучува за неговото дете и секако сите го сакаме најдоброто за нив нели? Затоа ете ти кажа дека недајбоже може да се намали многу температурата а не знаеме дали е прсвило и дали е дадено преголема количина затоа што и поголема доза може да резултирс со хипотермија, не ги знаеме условите под кои се јавил тој негативен ефект кај тие што ги познаваш јас лично не знам никој таков . има повеќе мислења може да си побара и стручно мислење од нивниот педијатар и да си одлучи што ќе прави.
Ти и' пиша давај нема гајле, јас пишав да внимава, не е дека сосема нема гајле и завршивме со муабетот со членката, нејзино е што ќе направи. Се префрлив на дискусија со тебе, но океј, нема врска. Тераме понатаму Дајбоже ниедно бебенце да нема болки никогаш