И мене ме прашаа дали сакам да ја стават, ми објаснија дека е задолжителна, но дека не мора тогаш да го боцнат. Им реков да му ја стават инаку не беше задолжително баш тогаш. Можеби така реагирала бидејќи не мора баш тогаш, може да се одложи. Моето досега прими две дози, остана уште третата да ја прими пред да направи 1 година.
Моево до 6 месеци ги прими сите вакцини, освен рота ја закаснавме заради железото, и сега следна ќе прими во септември мрп вакцината. Тука ве пратам постојано и велите дека уште една доза има до година од таа вакцина, сигурна сум дека и прими двете дози дека на двапати го боцнаа во двете ножиња а на 6 месеци само еднаш. Дали после година ќе му ја дадат третата доза? Или таа што беше на 6 месеци е таа трета доза? Го гледам картонот ама ништо не разбирам ептен нечитно има пишувано.
Можеби заедно со МРП ќе му ја дадат и таа, прашај таму најдобро. До 6 месеци и моето прими две дози пневмокока, па ми запишаа пред година да направи да го однесам за третата доза, а МРП на 13 месеци. Но некаде заедно ги ставаат на годината.
Можеби така ќе е, а мрп јас му ја одложив малку дека сред лето ми доаѓаше, се плашев да не приметев дали му е жешко или има температура, и ептен е топло и дење и ноќе се потеше летоска, па 2 месеци му ја оддложив се надевам нема да има некои последици.
Мислам дека не би требало, некои и подоцна ставаат МРП. За пневмокока најдобро е да прашаш таму каде што го носиш.
Денес прими ќерка ми прва доза Рота. Еве веќе 3-4 часа спие и плаче. Многу е поплачлива од обично, се грчи, не сака да цица т.е ќе поцица па се трга плачејќи и многу жално плаче. Можно е олку брзо да се јават грчеви од вакцината? Очекував барем 2 дена да пројдат...
Грчеви не му се јавија прбиот ден ама вака исто само плачеше мислам нерви искинав од што пискаше и зајдуваше Е од вториот ден грчевите фатија 2 -3 дена траеја и помина Ова плачење истиот ден не знам од што е дали се исплашени, траума, болка некоја на моето ноџето здрвено му беше
Исто беше и кај мене, само вриштеше без престан лудило ме фати и ништо не помагаше, со ништо не се смируваше. Вечерта му ставив чепче одма се смири и си заспа, најверојатно го болело па затоа плачел. А со грчеви немавме проблем затоа што е на АД и пие Хип комбиотик тоа за против грчеви што е.
На втората доза имаше реакција малку грчеви од ротата, му се појавија таму некаде 4-5 ден, а му поминаа за 2-3 дена. Но не плачеше, немаше некои неспиења или што и да е, само ги чувствував кога го цицав, му кркореа цревата кога ќе ја ставев раката на меше. На сите вакцини досега, само ова му беше реакција.
Кај ќерка ми само од третата доза рота појави реакција, на третиот ден од примањето, какаше дури 6 пати тој ден од сите други примени немала реакција досега
^Само што ги примивме, душичка, се изнаплака. Срцево ми е лешник. Одма заспа, јас се наоружав со антипиреи, сируп парацетамол, чепчиња ефералган. Се надевам дека се ќе биде добро
Со лесноо нека биде само ова плачење од вакцините а реакција да не јави, моево на боцкање не отвори уста ама еве 10 дена се мачи со грчеви