Од рота вакцината коса ми се дига, значи стандард со грчеви со маки ја поминува. А замислете па ако не го вакцинираш и недајбоже фати рота... Уште една доза ќе издржиме .
Еспумисан почнав ама кај него ништо не даде некој ефект, па и тоа ретко давам, само пробиотикот. Не е со врескање ама навечер спие и крева нозе се стега во сон прета и само во раце со мешето накај мене се смирува се надевам ќе помине набрзо, со лесно и на вас да помиме без реакција дај боже
Кога примивте втора доза рота? Јас го заборавив картонот кога бев за прва доза, дали ќе прима и друга вакцина заедно со втората доза рота? Колку се чека до пробување вкусови после рота? И дали вашите бебиња немаа рекации од првата доза, а имале од втората? фала ви
Еднатана 2 месеци и една недела а сега на 18ти треба , првиот пат никаква реакција ништо како да не примило вакцина освен што дента какаше повеќе. За вкусови после една недела ни кажаа од вакцина освен нели ако има реакции покасно Само се надевам дека љут ќе биде кога ќе отидеме минатиот пат им се смееше на сите таму кога го боцнаа заплака срце ме заболе
Мене ми направија размак од 8 недели така ги давале таму каде што одам И ми закажаа тогаш најдобро да видиш ао диспанзерот обично сегде е месец
Дали некоја мајка е добро упатена со двете нови вакцини Рота и Пневмокок На колку месеци се примаат и колку дози? Би ми било од корист зш читам некаде по три дози за дветте а некаде четири дози од пневмокок Поздрав
За рота со сигурност се 3 али за Пневмокок не знам мислам дека Превенар ја викаат ако не сум грешка некоја на некои им ја ставаат уште првиот пат кога се оди на два месеци а на некои наредно одење
Вакцинација со пневмококна вакцина се спроведува најдоцна до 5 години. Бројот на дози зависи од возраста на детето во моментот кога е отпочната вакцинацијата. Кај деца на возраст од 2 до 11 месеци се даваат две дози вакцина и една доза ревакцина (бустер). Кај деца на возраст од 12 до 23 месеци, се даваат две дози на растојание не пократко од 2 месеци, без бустер доза. Кај деца на возраст од 2 до 5 години се дава една доза вакцина, нема бустер доза.
Денес беа вторите боцкања, 37,6 има и топла е. По боди лежи рассоблечена и си игра со рачињата, прета со нозете, дома се е отворено да е нормална температура. Јас бдеам над неа
Душа Не е висока,се надевам ке падне. И кај нас беше така,од вторите боцкања ми качи скоро 39,морав чепче да ставам,се избезумив дека првпат ја видов таква.Плус и Август месец,пекол беше.Не мора да ви е отворено,направи 19Ц да е дома. Јас не сум меродавна за совети,обратно е,ама да ти дадам подршка само.
Отворено мислев на вратите кон ходник и кон други соби, секаде да е иста температура. Лепенчиња на местото на убодите има и и ги променив веќе. Ќе следам, нема да спијам вечерва. И она не спие, ме гледа и јаде ли јаде раце. Форсирав и цицање да надокнади со течности, па ќе видиме.долга е ноќта, во желудникот ми е дупка многу глупо се чувствувам
Сите сме исти кога се вакцините во прашање, душата стегната и пред да прими, и после тоа... Додека поминат деновите за можна реакција мислам дека часовите ги бројам... Со лесно да минете ноќва
Ви благодарам на помислата, мерев секој час температура, највисока и беше 37,8-38. Само со антипиреа бевме, и на боди и хеланчиња ми беше раскомотена. Со цицањето намалуваше температурата, и во 4 ипол се искака проливесто и заспавме и двете. Сега 36,4-36,8 нема температура. Дај боже да нема веќе. Уште 2 дена ќе бидам на штрек. Одприлика ако креваат температури, до кога може да се појави? знам индивидуално е, но во сеќавање ми е од книгите дека до 72 часа да чекаме. По книги ништо не е, ама ете чисто информативно по вас, поискусните кои сте ги поминале
Толку е, и кај мене синко од петовалентна дигна до 37.7, кога му се спушти на 36.8 толку беше, веќе не качи.
И мене ми рекоа 72 часа ама колку што читав по сите форуми групи и се живо ако качи првиот ден е обично така да се надевам најлошото ви поминало
@Alishan30 вечерта крена,и уште еднаш утредента,но послаба.Толку беше,добро вика теоријата. Е за ММР е после 7-14 дена мислам. Во Петок ке ја прима мојава,душа немам