Јас сум на Лидаприм(антибиотик) уште од многу мала кога ми го имале дадено гушење сум добила и по тоа знам и сега си знам до душа и во книшката пишува на почетна страна
И јас сум на пеницилин,во книшка ми стои пишано,сум имала осип после примена вакцина. Ме интересира конкретно за неомицин,каква алергиска реакција дава.
Алергиите зависи од кој тип на алергиска реакција се, може да се од полесна до потешка форма. (Недај боже анафилакса). Секоја акергиска реакција ја препознаваме по црвенило во вид на исип уртикарија, обично со пликови кои конфлуираат и зафаќаат повеќе површини. Може да се појават и губат и да менуваат локации по телото. Чешање, нелагодност, до тешко дишење, вртоглавица, отоци по телото, на јазикот патогномонично, повторно тоа е потешка форма. Нема карактеристична алергија за секој лек посебно, секаде е иста или слична во зависнист од тоа во каква состојба е телото и личноста со својот одбранбен организам
Неомицин е аминогликозиден антибиотик, не е пеницилин. Најчесто како алергиска реакција дава локални реакции...контактен дерматитис или слично...но сепак индивидуален е секој организам. Кај алергии никогаш неможе да се исклучи 100% било што
Грчевите на вториот ден од вакцината беа СТРАШНИ, толку вриштење цели 2 часа со по неколку минутки пауза. Тоа беше жално. Ништо не сакаше, ниту нас, ниту цуцла, ниту да цица, грчење, гласна револуција на цревата, гасови, во лицето цела поцрвенува и со затворени стегнати очи плачеше. Бев спремна да ја носам во болница. Среќа заспа, па ја следев уште малку и се подсмири а цело време липаше во сон. Душиче Дадов и 1 лажичка чај од анасон. Сега е добра, малку кенкава. Вчера какаше еднаш проливесто темно зелено, синоќа после полноќ пак исто. Оваа бојава мн ме нервира, не е жолта кај неа, нема температура, весела е, се е ок, се додека не ја фатат грчевите Нека поминува веќе, кај сите. Ова го споделив како искуство , за утре ден ако прашувате искуства во врска со вакцинава.
Ова 2 доза рота? Ние со првата без мака поминавме, денес примивме 2. Не е уште искакана, нема тт, нема грчеви ама нешто повеќе ми спие. По 2 саати што е чудно, спиела само по пола саат и башка во 4скок сме.
Да втората доза е. Со првата доза не забележавме промени, таа си беше и онака со грчеви тогаш. Овој пат првиот ден јави до 38 температура неколку часа и без сируп ја симна само со рассоблекување, цицање и антипиреа лепенки. Оттогаш нема. Ова со грчевите почна синоќа околу 19ч и траеше 2 часа, претходно се смеевме, гугаше преткаше и одеднаш хорор стана. Се кака по еднаш во ден, значи 2 пати досега, денес и е трет ден но несакам да кака. Се нервирам кога кака темно зеленоаман ми е веќе. По апликација за 2 дена би требало да влезе во 4ти скок но мислам дека таа е веќе влезена.
После колку време ги вакциниравте вашите малечки оф појава на симп. На ковид? На 24 декем имавме.. Ни рекија до 21 јануари крајно е да се стави рота 3 доза.. Сепак че провериме крвна слика и црп
Од грчевите да не и е каката таква? Али може и скокот повеќе да влијае нели за грчевите викаат три часа интензивно ако плаче дека тоа е тоа и плус скокот си придонеесува за по плачлива да е моево смао со гушкање се справува во скокот буквално кога ќе ме гушне се престанува и гуга...
Баш зборев за каките за бојата со педијатар. Добив објаснување дека ако не се секој ден каките можно е да оксидираат и да биде зеленко по некој ден. Но секој ден штом кака треба да е жолтеникава. Вака оди во прилог на настинка, а таа е добра, ја слушнав на гради чиста е, грло и уши мирни. Кивка често, ама така е секогаш. Ај ќе видиме како ќе биде. Некаде како да ве читав дека од грчеви можно е зелена кака, којзнае
Првиот пат после 2-3 дена вториот пат после 14-15 дена заедно со конци крв во каката. Се ова ми кажа дека било резултат на ротата
Мислам да. Ама една од подобрите вакцини кои го штитат од рота, а не сакаш да знаеш како изгледа дете со инфекција. Се цедат од дијареа до дехидратација
Кај мене не.Разговарав со педијатарот баш,ми рече дека немале проблеми со Ротавирус во државава,ептен малце хоспитализации имало.Може да се купи и прими по желба,но не стои ни во препорачани.
Да, верувај по тоа што вчера го видов со стомачето, подобро да се прими. Јака им душа на тие родители со вакви инфекции кај дечињата. Штом јас се спремив за во болница а обично не паничам, значи не е за факултативно ова.